КАФЕ ПАУЗА

7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празници

7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празници

Сите ја чувствуваме предновогодишната атмосфера и со нетрпение чекаме да ги прославиме божиќните празници. Во целата таа еуфорија лесно е да се претера и да се заборави дека понекогаш стануваме досадни со сите тие објави на социјалните мрежи поврзани со празниците. Можеби мислите дека е симпатично тоа што целата јавност на Фејсбук го знае буквално секој ваш новогодишен украс, но за луѓето тоа не е интересно. Ова се 7-те работи што не треба да ги објавувате периодов…rnrn7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празнициrn

1. Вашата листа на новогодишни желби

rnОсвен ако Дедо Мраз не ве следи на Инстаграм, нема потреба другите ваши следбеници да знаат дека оваа година сакате боенка за возрасни или шолја за кафе со мотиви од „Војна на ѕвездите“.rn

2. Сите подароци што сте ги добиле

rnСупер е тоа што сте добиле Ајфон 7, брендирана чанта и свилена марама. Сите се радуваме за вас, но поентата на празниците не е да се фалите со вашите подароци.rn

3. Вашата новогодишна елка

rnМожеби сте потрошиле многу време за да ја накитите и навистина се гордеете со неа, но тажната вистина е дека на пошироката јавност сите новогодишни елки ѝ изгледаат исто.rnrn7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празнициrn

4. Инспиративен божиќен цитат… освен ако не е урнебесно смешен

rnСите знаеме дека ова е период на нови почетоци, промени и поминување време со најблиските. Навистина не мора да ги потсетувате на тоа вашите пријатели на Фејсбук со некои инспиративни цитати што сте ги нашле на Интернет. Реалноста е дека сите тие се веќе видени. Наместо тоа, смислете некоја оригинална новогодишна шега и насмејте го вашиот виртуелен свет.rn

5. Претерано многу хаштагови

rnОва се однесува на цела година, но хаштаговите од типот #новагодина #празници #подароци #дедомраз #божиќ #елка, навистина се здодевни. Одберете два-три и продолжете со животот.rn

6. Фотографија од вас со новогодишна капа

rnОва и не е толку страшно, но гарантираме дека Фејсбук и Инстаграм ќе бидат преплавени со селфиња од Дедо Мразовци и Баба Мразици. Бидете малку пооригинални и издвојте се од останатите.rnrn7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празнициrn

7. Фотографија од вашиот миленик со новогодишна капа

rnМислите дека не можете да погрешите доколку објавите каква било фотографија од вашиот миленик? Генерално, фотографиите со новогодишни капи се здодевни, без разлика колку е слатко вашето куче или маче. Освен ако не чувате тарантула. Новогодишна капа на тарантула звучи забавно.rnrn7 работи што не би требало да ги објавувате на социјалните мрежи за време на божиќните празници