Ова можеби ќе ви звучи чудно, но најмалото прсте на дланката, а посебно неговата должина и форма, може доста да открие за вашата личност. Малото прсте ги одразува вашите карактерни црти. Внимателно погледнете ја својата дланка и одредете го типот на кој припаѓа вашето мало прсте, а со тоа, дознајте и нешто повеќе за својот карактер.rnrn
rn
1. Мало прсте со нормална должина
rnДолжината на малото прсте која достигнува до фалангата (првиот коскен зглоб) на домалиот прст се смета за нормална должина. Луѓето со ваква должина на малиот прст се одликуваат со зрел, добро оформен карактер, утврден по животните принципи. Многу ретко ги менуваат своите ставови.rn
2. Долго мало прсте
rnАко вашиот мал прст е малку подолг од првата линија која го дели врвот на прстот и првиот коскен зглоб, тогаш имате природно подолг мал прст. Тоа е знак дека сте шармантни, харизматични личности кои никогаш не се предаваат. Талентот и упорноста во работата на таквите луѓе прават чуда. Посебно е добро ако станува збор за десното мало прсте.rn
3. Кратко мало прсте
rnОние кои имаат кратко мало прсте се многу внимателни и дружељубиви. За нив е карактеристична срамежливоста, но тоа никако не е маана. Слаткоречивоста и способноста за градење добри и стабилни пријателски односи се нивните адути.rn
4. Остро мало прсте
rnЗаострениот врв на малото прсте зборува за способноста на човекот да владее со јазиците и за неговата неверојатна креативност. Заоблениот врв на малото прсте е знак за флегматичните личности кои сакаат полека, но сигурно да ги завршуваат задачите и обврските.rn
5. Закривено мало прсте
rnЗакривеното мало прсте ја покажува способноста за брзото прилагодување на промените. Луѓето со таквите карактеристики се предодредени миротворци.rn
6. Широк зглоб на малото прсте
rnШирокиот зглоб на малото прсте го поседуваат луѓето на кои секогаш можете да сметате. Тие знаат многу за светот и понекогаш се сеќаваат на своите минати животи. Тие никогаш нема да одбијат да дадат помош.