И ова ќе помине... Постојано доаѓаат подобри времиња!

И ова ќе помине… Постојано доаѓаат подобри времиња!

Сѐ во животот има свое време. Време за градење и време за уривање. Време за плачење и време за смеење. Време кога ќе тагувате и време кога ќе се радувате. Од сѐ со што се соочувате, можете да извлечете поука и да го искористите тоа за да станете подобра личност. Како и годишните сезони, така и во животот постојат периоди на мирување, кога ништо не расте. Како што е во есен и во зима. Листовите заспиваат на дрвјата, мечките хибернираат, тревата не е повеќе зелена. Ако ова ѝ се случува на природата, зошто да ви биде чудно дека му се случува и на човекот?

И ова исто така ќе помине. Подобри времиња доаѓаат секогаш

Не создавајте си притисок дека постојано треба да правите нешто, да бидете најдобри. Не можете да контролирате сѐ во животот. Многу работи ви се случуваат кои не можете да ги запрете. Не обидувајте се со сила да ги измените случувањата, затоа што на овој начин ќе се истрошите самите себе. Сосема е во ред да не се чувствувате добро и да не можете да одговорите на одредена ситуација. Никој не знае како цело време да се справува со животот. Прифатете го ова затоа што тоа е дел од човечкото патување. Убавата работа во врска со годишните времиња е тоа што знаете дека тие ќе се променат. Ниту една сезона не е вечна, туку една доаѓа, а друга си оди. Што не можете да направите денес, ќе можете утре или наредниот ден. Сфатете го животот како патување. Некои делови од тој пат се појасни од другите, но сепак, вие патувате. Ако се наоѓате во период кога немате одговори и не знаете како да се справите со животот, потсетете се дека можеби се наоѓате во зимската сезона, но, таа исто така ќе помине.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар