Разубавете ја вашата новогодишна трпеза!
rn
rn
Потребни состојки:
rn
За колачињата:
rn
- rn011
- 350 грама брашно
- 55 грама шеќер
- 60 грама бадеми, иситнети
- Прстофат сол
- 200 грама несолен путер
- 2 жолчки од јајце
- 1/2 екстракт од ванила
- 40 милилитри вода, оладена
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
За филот:
rn
- rn011
- 250 грама шеќер
- 1 белка од јајце
- 1/2 лажица лимонов сок
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги брашното, шеќерот, солта, бадемите и путерот во сад и со електричен миксер или процесор за храна матете на ниска брзина сè додека смесата не почне да личи на трошки леб. Додајте ги жолчките од јајцето, ванилата и студената вода додека сè уште матите. Продолжете додека не се формира тесто. Поделете го тестото на половина и обликувајте ги во форма на диск. Покријте ги и ставете ги во фрижидер околу 2 часа.rnrnКога ќе бидете подготвени за печење, загрејте ја однапред рерната на 180 степени и поставете хартија за печење на неколку тепсии. Извадете го тестото од фрижидер и дозволете му малку да омекне. Со сукало израмнете ги двете теста сè додека не добиете дебелина од околу 3 милиметри. Потоа изберете ја формата во која сакате да ви бидат колачињата и исечете ги. Соберете ги остатоците и повторете го процесот додека не го искористите целото тесто. Тоа знае да биде многу лепливо, па работете брзо.rnrnПоставете ги колачињата на подготвените тепсии и секоја тура печете ја околу 15-20 минути или сè додека не добиете златна боја на колачите. Кога ќе завршите, дозволете им да се оладат над хартијата за печење.rnrnЗа да го направите филот, сипете го шеќерот во сад. Ставете ја белката во посебен голем сад и додајте 1 лажица од шеќерот. Со помош на дрвена лажица, мешајте сè додека не добиете мазна паста. Продолжете да го додавате шеќерот, лажица по лажица, добро мешајќи по секоја доза. На крај, додајте го и лимоновиот сок. Со добиениот фил можете да ги декорирате вашите колачиња.rnrnОвие колачиња, во добро затворен сад, можат да траат и до 2 недели. Од оваа смеса можете да добиете 50-тина колачиња.