Понекогаш, наједноставните и навидум, најбезначајните навики, можат да направат огромно влијание и промени во животот. Еве кои 15 кратки и едноставни нови навики, можат позитивно да го променат и вашиот живот.rn
1. Доколку некоја работа ви одзема само 1 минута за да ја завршите, сторете го тоа веднаш
rnПравилото на една минута, е многу едноставно и неверојатно ефикасно. Доколку се одвикнете да ги одложувате сите обврски кои ви одземаат само една минута во денот, на наједноставен начин ќе успеете да завршите што е можно повеќе.rn
2. Определете си време за читање книга секој ден
rnБез разлика дали имате да одвоите само 10-20 минути во текот на еден ден, доколку тоа го правите секој ден, дефинитивно ќе го видите вашиот прогрес за еден месец.rnrn
rn
3. Почнете да ги чистите забите со конец, барем еднаш дневно
rnМалкумина сметаат дека чистењето заби со конец е важно, но имајте на ум дека четката за заби не може да навлезе секаде каде што се насобира храната. Верувајте, оваа навика ќе ви заштеди многу посети на заболекар.rn
4. Обидете се секој ден да заспивате и да се будите во исто време
rnВашето тело, обожува добри навики, а ова особено се однесува на здравите навики за спиење. Затоа, местете си аларм за одење во кревет, како и аларм за будење наутро и обидете се да ги почитувате временските рамки, во поголемиот дел од деновите.rn
5. Местете го вашиот кревет секое утро
rnПристигнувањето дома од работа и гледањето уредно наместен кревет, причинува огромно задоволство, колку и да изгледа како незначајна работа. Кога ќе започнете да ја практикувате оваа навика секој ден, нема да можете да верувате дека некогаш сте го напуштале наутро вашиот дом, без да го сторите тоа.rnrn
rn
6. Додајте една здрава состојка во вашето секојдневно мени
rnДодавањето на здрава состојка во вашата исхрана е многу поедноставно, отколку исфрлањето на храна којашто знаете дека е штетна, а вкусна и неодолива. Одберете некој зеленчук, овошје, јаткасти, зрнести плодови или свежи билки, коишто не сте ги консумирале до сега и уживајте во вашиот придонес кон доброто здравје.rn
7. Пронајдете вежби, коишто ќе можете да ги правите во удобноста на вашиот дом и вежбајте ги редовно
rnБез разлика дали ќе се одлучите за серија од склекови, стомачни, грбни вежби, јога или аеробик, со оваа рутина, ќе стекнете здрава навика за следење на дневна база и нема да имате изговори како замор или мрзеливост, што не ја посетувате салата за вежбање.rn
8. Наместо да ги расфрлате стварите низ домот, приберете ги на место
rnОставањето на предметите каде што не им е местото, ќе создадат неуредност во вашиот дом. Избегнете да трошите часови во раскревање, така што ќе одвојувате по само неколку минути, за да ги приберете предметите на своето место, во моментот кога ќе престанете да ги употребувате.rn
9. Секоја вечер, испланирајте што ќе облечете наредниот ден
rnДоколку подготовките наутро ви одземаат многу време и енергија, започнете да ја одвојувате облеката од вечер, којашто планирате да ја носите наредниот ден.rnrn
rn
10. Започнете да се занимавате со ново хоби или учете нова вештина, по 10 минути, секој ден
rnБез разлика дали отсекогаш сте сакале да свирите на пијано, да учите нов странски јазик или да се занимавате со везење или сликарство, посветувањето по барем 10 минути, секој ден, е гаранција дека ќе станете сè подобри во тоа, после еден месец вежбање.rnrn
rn
11. Сочувајте ја секоја метална 50-денарка којашто ќе заврши во вашиот паричник
rnМногу луѓе, тврдат дека ова е многу едноставен трик за заштеда на пари. Ставете ги во касичка за пари, сите метални 50-денарки на коишто ќе наидете и уживајте во заштедата којашто ќе ја имате, во некоја точка во иднината.rn
12. Напишете 3 работи, за коишто сте благодарни, секоја вечер пред спиење
rnВодењето листа за работите за коишто сте благодарни или пишувањето дневник, е прекрасна навика, која ќе ви помогне да ги потенцирате сите убави нешта, коишто се случуваат во вашиот живот.rnrn
rn
13. Пробајте медитација
rnПрвата медитациска сесија на апликацијата Calm, е со времетраење од само 3 минути. Започнете од таму и забележете како ќе се чувствувате после еден месец секојдневно медитирање.rn
14. Обрнете внимание на тоа колку вода консумирате и поставете си дневна цел
rnПовеќето луѓе не пијат доволни количества вода, па доколку водите сметка колку чаши вода пиете на дневно ниво, тоа е добар начин да проверите дали имате потреба да ја подобрите оваа навика.rnrn
rn
15. Јавете се некому кога имате лош ден, без разлика дали станува збор за пријател, член на семејството или медицински професионалец.
rnМоже да ве интересираат и овие 9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзо.
