86-годишен старец учи да плете со цел да прави капи за предвремено родените бебиња
Велат дека човек никогаш не е стар за да научи нови работи, а Ед Мозли е жив доказ за ова. Кога овој прекрасен 86-годишен човек дознал за локалните планови да почнат да се плетат мали капи за предвремено родените бебиња, тој знаел дека сака да биде дел од ова.
„Никогаш не сум плетел во мојот живот“, вели Ед.
Но, тоа не му претставувало пречка. Ед побарал помош од неговата ќерка за да му помогне и таа била многу среќна што ќе може да го учи. Тој вели дека тоа не било лесно и дека почетокот бил бавен. За да ја заврши првата капа му биле потребни три часа, но по одредено вежбање, тој ја завршувал за час и половина.
Ед веќе има направено повеќе од 50 капи и ги инспирира другите жители да помогнат за да се направат 300 и повеќе.
Тој сѐ уште не запира! Ед планира да продолжи со својата работа и да плете по 30 мали капчиња секој месец. Погледнете ја неговата инспиративна приказна.