Емоционално видео: Ед Ширан му пее на мало и болно девојче
Познатиот пејач и текстописец, Ед Ширан, кој во декември 2015 година решил да се оддалечи од социјалните мрежи, среќно одговорил на повикот на еден од неговите најмали фанови – Мелоди Дрискол.
9-годишното девојче, кое страда од синдромот Рет, поради оваа состојба има поминато 80% од нејзиниот живот во болница. Откако таа се опседнала со пејачот на песната „Thinking Out Loud“, нејзините родители одлучиле да започнат кампања на Фејсбук за да го привлечат вниманието на Ед, надевајќи се дека тој ќе може да се запознае со Мелоди и да ја расположи.
За среќа, Ед пристигнал таму. На почетокот на ноември тој ја посетил Мелоди во болницата, каде што се забавувале и ѝ ја испеал една од неговите најчувствителни песни – „Photograph“. Според родителите на Мелоди, таа сè уште е расположена и не може да престане да се смее.
Погледнете го видеото од оваа емоционална средба.