Навистина е лесно да ви се расипе расположението. Доволно е да слушнете само еден лош коментар наутро, за целиот ден да се чувствувате лошо. За среќа, постои начин да го промените тоа, а овие едноставни совети навистина ќе ви помогнат.rnrn
rn
1. Гледајте фотографии од вашите деца, пријатели или домашни миленичиња
rnОдберете фотографија од децата, пријателите или миленичето што прави да се чувствувате добро. Додека ја гледате фотографијата, размислете зошто токму таа ве прави среќни. Можеби ве потсетува на некој смешен настан или на некој убав ден. Истражувањата покажале дека размислувањето за убави настани од минатото може значително да ви го подобри расположението.rn
2. Започнете го денот со позитивна изјава за себе
rnМотивациониот говор може да ви ја зголеми самодовербата, бидејќи она што го мислите има влијание врз вашите постапки и емоции. Имајте на ум дека овој говор треба да биде заснован на факти. Ако на пример си кажете дека сте добар родител, ова можеби е вистина, но доколку сте со лошо расположение, сигурно нема да си поверувате.rnrnНаместо тоа, кажете си дека сте добар родител бидејќи сте направиле нешто што го усреќило вашето дете. Колку е подетална изјавата, толку е поголема веројатноста да си поверувате, а со тоа и да го подобрите вашето расположение.rn
3. Секој ден пофалете барем три личности
rnИстражувањата покажале дека на овој начин полесно ќе стекнувате пријатели. Истовремено, ќе ја зголемите вашата самодоверба бидејќи луѓето неретко возвраќаат на добрите комплименти. Па, уште денес започнете го овој циклус на среќа.rnrnПогледнете и кои се малите промени што ќе направат голема разлика во вашето расположение.
