Креативна амбалажа што го покажува негативното влијание на цигарите врз вашите заби

Креативна амбалажа што го покажува негативното влијание на цигарите врз вашите заби

Ефектите од пушењето се сериозни и тие може да нанесат штета речиси на секој орган во телото. Покрај тоа што пушењето е штетно за самата личност, исто така тоа влијае и на луѓето околу неа. Меѓу другото, пушењето влијае на вашиот мозок, срцето, белите дробови, стомакот, кожата, коските, а исто така и на забите и на усната шуплина. Расипаните и жолти заби, лошиот здив како и други посериозни болести може да бидат предизвикани токму од пушењето. Денес сме сведоци на различни реклами и кампањи кои ги прикажуваат негативните ефекти, а оваа креативна амбалажа е нешто што без сомнение ќе ве замисли.

Креативна амбалажа што го покажува негативното влијание на цигарите врз вашите заби

Имено, со ова треба да се подигне свеста за штетните последици од пушењето, а истото е прикажано на многу креативен начин.

Креативна амбалажа што го покажува негативното влијание на цигарите врз вашите заби

Како што ги вадите цигарите, така недостига и по еден заб од фотографијата на жената. Па, која фотографија ви се допаѓа повеќе?

Креативна амбалажа што го покажува негативното влијание на цигарите врз вашите заби

Можеби токму ова ќе предизвика и вие да се откажете од оваа штетна навика!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар