9 чудни работи што ги прави вашето тело, а не сте знаеле дека се одбранбен механизам

Сподели

Нашите тела имаат бројни биолошки циклуси и системи, кои честопати е тешко целосно да се разберат. Тие нѐ штитат 24 часа на ден, 7 дена во неделата, од многу работи кои би можеле да ни наштетат. Погледнете ги овие 9 фасцинантни работи кои ги прави вашето тело, а што можеби не сфаќате дека се во улога на одбранбени механизми.rn

Реклама

1. Проѕевање

rnГлавната цел на проѕевањето е да се олади мозокот кој работел премногу.

rn

2. Кивање

rnВообичаено вие кивате кога носните празнини ви се исполнети со премногу алергени, бактерии, прав или други надразнувачи. Кивањето е начин да се ослободите од ова „ѓубре“.

rn

3. Протегање

rnВие инстинктивно се протегате со цел да го подготвите вашето тело за физичкиот напор кој ве очекува во претстојниот ден. Истовремено, протегањето ги раздвижува мускулите, помага при протокот на крвта и го подобрува вашето расположение.

rn

4. Икање

rnКога јадете премногу брзо, голтате големи парчиња храна или едноставно се прејадувате, вие може да го иритирате вашиот вагус нерв. Ова е тесно поврзано со стомакот и дијафрагмата, па резултатот е икање.

rn

5. Миоклонични грчеви

rnОва се однесува на она чудно чувство кога ќе легнете да спиете и како што ќе почнете да се опуштате, вашето тело се вознемирува за една секунда, што личи на електричен шок. Во овој момент ви се грчат мускулите толку силно што веднаш се будите. Овој феномен е резултат на фактот дека кога почнувате да заспивате, зачестеноста на дишењето опаѓа, вашиот пулс се намалува и мускулите ви се опуштаат. Најверојатно вашиот мозок ги толкува овие случувања како најавување смрт, така што тој се обидува да ве спаси.

rn

6. Брчки на кожата по изложување на вода

rnБрчките кои се појавуваат на вашата мокра кожа на рацете играат важна улога. Оваа појава е предизвикана од фактот дека кога вашето тело се соочува со зголемена количина влага, тој разбира дека животната средина може да биде лизгава. Па, кожата на вашите раце веднаш почнува да се променува на начин кој ќе ви направи полесно да ги фатите мазните површини.

rn

7. Губење на меморијата

rnГубењето на меморијата често се појавува по појавата на некои непријатни искуства. Вашиот мозок буквално ги брише најстрашните моменти од вашите сеќавања за да ве заштити.

rn

8. Наежување

rnПримарната функција на наежувањето е да ја намали количината на топлина која вашето тело ја губи преку порите на вашата кожа, притоа правејќи полесно да се загреете во непријатните климатски услови.

rn

9. Солзи

rnОсвен тоа што дејствуваат како заштита на слузницата на вашите очи, солзите служат и како инструмент за „емоционална одбрана“. Научниците веруваат дека во ситуации на стрес, телото создава нов, моќен извор на иритација, со цел да се одвлече лицето од болката која ја доживува.

Ова се само некои од причините зошто треба да им бидете благодарни на вашите тела затоа што ве штитат секој ден. Не заборавајте да се релаксирате, вашето тело тоа го заслужува!

Популарно

Може ќе ве интересира