10 совети за привлекување нови луѓе во вашиот живот

Сподели

Нема ништо подобро од запознавање нови луѓе кои ќе не исполнат со енергија и кои ќе ни покажат нова перспектива на животот. Токму поради тоа, со вас споделуваме 10 едноставни совети кои ќе ви помогнат во привлекувањето нови пријатели.

Реклама

rn

1. Филмот е во вашата глава

rnДа, ние честопати мислиме дека не сме доволно занимливи, драги, достапни ниту интересни на останатите. Добрата вест е дека сето тоа е во вашата глава, бидејќи луѓето ве гледаат со поразлични очи отколку што мислите.rn

2. Тоа е комедија, а не хорор филм

rnЗапознавањето нови луѓе честопати може да биде застрашувачко искуство. Што повеќе се обидувате да бидете забавни и добри соговорници, толку помалку ќе бидете. Затоа секогаш бидете свои!rn

3. Тргнете со мали чекори

rnДоколку сè уште немате доволно доверба во вашата способност за запознавање нови луѓе, тогаш започнете поедноставно. Добро би било да започнете разговор со некој нов колега од работа, и на овој начин ќе ги тренирате вашите социјални вештини.rn

4. Морате да излезете

rnВо ред. Спремни сте за дружење. А каде се новите луѓе? Секако дека ќе морате да излезете од домот. Можете да одите на некое ново случување, на некој семинар, работилница, групни активности кои ве интересираат и каде што ќе можете да пронајдете занимливи луѓе.rn

5. Направте го првиот чекор

rnКога ќе почувствувате дека сте спремни за запознавање нови луѓе, можете да скокнете во рингот. Користете ги овие психолошки трикови кои ќе ви помогнат во комуникацијата и во изградбата на добри односи.

rn

6. Кој суди, тој губи

rnПонекогаш можете да имате предрасуди за тоа кои се, што се и какви би требало да бидат вашите нови пријатели. Меѓутоа, луѓето кои не изгледаат како да имаат нешто заедничко со вас на прв поглед, може да излезат најзанимливите луѓе кои некогаш ќе ги запознаете во вашиот живот. Дајте им шанса!rn

7. Покажете интерес

rnНе заборавајте дека сите ние сме диви. Научете да слушате, пред да зборувате, бидејќи и другите луѓе сакаат да примаат внимание и да бидат сослушани исто како што и самите вие сакате. Покажете им дека сте заинтересирани да ги запознаете.rn

8. Поминувајте време заедно

rnНовите пријателства се создаваат така што го споделувате времето. Вечери, забави, кино и други места каде што ќе можете да се забавувате ќе бидат одличен избор.rn

9. Останете во контакт

rnПонекогаш е тешко да останете во контакт со вашите пријатели. Меѓутоа, тоа е единствениот начин за да ги одржите пријателствата. Користете интернет, мобилен телефон или она што најмногу ви одговара за да останете во контакт, за да знаете сите што се случува во вашиот и нивниот живот.rn

10. Бидете добар пријател

rnПомагајте и поддржувајте ги вашите пријатели, и нека знаат дека секогаш може да сметат на вас.

Популарно

Може ќе ве интересира