Конечно - Жаре и „Еден на Еден“ се враќаат на екраните!

Почнува „Еден на Еден“ – сезона 8! Вистински легенди оваа сабота

На големо задоволство на публиката пред малите екрани, оваа сабота во 19.15 часот на телевизија Телма се враќа најпопуларното македонско ток-шоу, „Еден на Eден“.

Жаре и оваа сезона во своето студио ќе ги донесе најголемите ѕвезди од нашата домашна сцена, но и најзначајните имиња од регионот.

„Започнуваме со Бора Чорба. Свое појавување во првата епизода ќе имаат и актерот Никола Ѓуричко, фронтменот на Ван Гог – Ѓуле, и нашата млада ѕвезда Антонија Гиговска. Тука се Спасе, Мешевски, цела екипа е подготвена – нека се подготват и гледачите! Во втората епизода гостин ни е Жељко Јоксимовиќ, а имаме и одлични изненадувања за натаму“ – изјави Жаре.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар