Неколку интересни трикови со батерии што ќе ве остават без зборови

Неколку интересни трикови со батерии што ќе ве остават без зборови

Батериите може да бидат корисни во многу ситуации во вашиот дом. Покрај редовната употреба и намена која на сите вам ви е позната, постојат и неколку трикови кои може да ви помогнат во врска со користењето на батериите во исклучителни ситуации. Во продолжение погледнете неколку од нив.

Неколку интересни трикови кои ќе ви помогнат во врска со користењето на вашите батерии

На пример, доколку ви се потребни поголеми батерии, а при рака имате помали, тогаш искористете ја алуминиумската фолија за да го надополните просторот така што ќе ставите мало парче на негативната страна на батеријата.

Неколку интересни трикови кои ќе ви помогнат во врска со користењето на вашите батерии

Од друга страна пак, ако ви се потребни мали батерии, а имате само една од 9 волти, тогаш расклопете ја и искористете ги 6-те батерии кои таа ги содржи внатре.

Неколку интересни трикови кои ќе ви помогнат во врска со користењето на вашите батерии

Знаете ли како да проверите дали батеријата е функционална или не? Сѐ што треба е да ја поставите на рамна површина. Доколку таа е добра, треба да стои исправено, доколку пак не е функционална, тогаш истата ќе падне.

Неколку интересни трикови кои ќе ви помогнат во врска со користењето на вашите батерии

Ви треба светилка? Еве како да ја направите. Потребно ви е жица од звучник, две батерии, ролна од истрошена хартија, изолирбан и мала светилка. Прикачете ја жицата за негативниот крај на батеријата, едната страна од ролната залепете ја со изолирбанот, ставете ја батеријата внатре, па на горниот (позитивен) крај ставете ја малата светилка. Потоа само допрете со жицата и ќе имате готова светилка.

Неколку интересни трикови кои ќе ви помогнат во врска со користењето на вашите батерии

Уште еден интересен трик е оној кој ќе ви помогне да ракувате со вашиот смартфон во време на студените денови кога носите ракавици. Имено, за ова намена искористете го негативниот дел од батеријата со кој слободно можете да избирате што ви е потребно.

Неколку интересни трикови кои ќе ви помогнат во врска со користењето на вашите батерии

За крај е прикажан уште еден интересен трик. За ова ви е потребно бакарна жица, магнет и една батерија. Можеби не е корисен, но изгледа забавно! За да ја видите неговата намена, погледнете го видеото подолу, заедно со подетални инструкции и за останатите трикови…

Неколку интересни трикови кои ќе ви помогнат во врска со користењето на вашите батерии


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар