Ако барате работа полна со авантури и веќе ве привлекла некоја од листава, размислете повторно. Иако овие работни места звучат романтично, возбудливо и се добро платени, зборот „опасни“ ги опишува најдобро. Па погледнете некои од најопасните професии кои постојат денес.rn
1. Молзач на змии
rn
rnrnЗадачата на овие луѓе е да го „измолзат“ отровот од некои видови змии. Отровот на змиите може да се користи за многу работи, но најважна е неговата примена во медицината за создавање противотров. Иако има безбедносни мерки, секој процес на молзење е опасен. Навистина е низок бројот на луѓе кои ја работат оваа работа, а не биле каснати од змија.rn
2. Градежен работник
rn
rnrnИако се користи опрема за безбедност, оваа работа бара од вас да се занимавате со смртоносни алати и треба да разнесувате тешки материјали на огромни височини. Друга опасност во оваа професија е рушењето на челичните цевки или ѕидовите врз работниците.rn
3. Курир
rn
rnrnИзненадувачки, но оваа професија е навистина опасна во некои држави. Замислете да им носите пица на група пијани луѓе или пак да ѝ однесете што било на личност која има лош темперамент. Куририте често се ограбувани, напаѓани или се жртви на некакво насилство.rn
4. Јавач на бикови
rn
rnrnОваа професија станала популарна во 90-тите бидејќи ветувала висока плата за јавање од 8 секунди. Во реалноста, таа плата не вреди за последиците. Некои статистики покажуваат дека еден јавач на бикови е опасно повреден на секои 15 јавања.rn
5. Планински водач
rn
rnrnОсвојувањето планински врвови било сон на многу луѓе, па се појавило ова работно место. Нивната задача не е само да водат, туку треба да носат тешка опрема, први да одат по некој опасен пат и да бидат одговорни за безбедноста на другите.rnrnПродолжува на следната страница…rn
