Исто како од фризерски салон: 10 трикови за наутро да се разбудите со совршена фризура
Дали мислите дека будењето со совршена коса е нешто што е невозможно да се постигне и дека може да се види само во филмовите? Па, тука грешите! Ние пронајдовме неколку трикови кои ќе ви помогнат секое утро да се будите со совршена коса. Испробајте ги, и наскоро ќе започнете да се чувствувате како девојките од рекламите за шампони.
Пред да испробате некој од триковите, запомнете ги овие основни правила:
- Никогаш не треба да одите на спиење со мокра коса, бидејќи кога на тој начин таа многу полесно се крши.
- Доколку користите фен за коса, секогаш одбирајте ја опцијата за ладен воздух. Тоа ќе ви помогне да ја избегнете разбушавената коса. Никогаш не ја сушете вашата коса целосно користејќи фен – оставете малку влажност, со цел таа сама да се досуши.
- Секогаш треба да ја чешлате вашата коса пред спиење.
- Одберете фризура која ќе одговара на вашиот тип коса, и секојдневно грижете се за вашата неа.
1. Сплетете ја косата во плетенка пред спиење
Исплетете ја во плетенка за да се изборите со бушавата и статична коса предизвикана од чаршафите. Плетенката исто така ќе ја сочува вашата коса од замрсување. Најважно е да ја сплетете кога е сува или малку влажна. Доколку имате права коса, исплетете обична плетенка. Ако вашата коса е брановидна, одберете твист плетенка. Без разлика каков тип плетенка ќе изберете, внимавајте да не биде премногу зацврстена.
2. Нанесете неколку капки кокосово масло
Кокосовото масло нанесено на краевите од вашата коса ќе ја елиминира статичноста и ќе ја направи вашата коса блескаво сјајна. Најважно е да користите мала количина кокосово масло и да го избегнете скалпот.
3. Размислете да инвестирате во свилени навлаки за перници
Спиењето на свилени или сатенски чаршафи и перници го намалува триењето кое предизвикува кршење на косата, расцветени краеви или паѓање на косата. Свилата и сатенот може да ја покажат магијата и на вашата кадрава коса. Направете ја оваа инвестиција и нема да зажалите. Исто така, вие можете да ја заврзете вашата коса во свилена марама пред да одите на спиење. Ова ќе ви помогне да ја скротите разбушавената коса.
4. Нанесете малку гел од алое вера пред да одите на спиење
Измешајте малку гел од алое вера и минерална вода, и ставете го вашиот „направи сам“ регенератор во шише со прскалка. Нанесете на косата пред да заминете на спиење. Алое верата е одличен лек за навлажнување на краевите од косата и контролирање на статичноста.
5. Нанесете малку лосион за тело
Лосионот за тело може да ја негува вашата коса додека спиете. Земете малку лосион и само поминете со вашите раце низ косата, концентрирајќи се на краевите. Потоа, исчешлајте ја.
6. Направете пунџа
Доколку вашата коса е долга, можете да се одлучите за пунџа наместо за плетенка. Најпрво, фатете ја во лабаво опавче, а потоа направете висока пунџа. Утредента ќе добиете смирена и сјајна коса.
7. Обидете се да користите бебешки производи
Бебешките производи, како што се маслата или шампоните, се природни и многу понежни отколку сосема истите производи кои се наменети за возрасни. Обидете се да ја измиете вашата коса со бебешки шампон и да нанесете малку бебешко масло на неа, особено на краевите, точно пред да заминете на спиење. Наутро ќе се разбудите со прекрасно мека коса која ќе мириса како бебе.
8. Користете пудра за магично да се разбудите со брановидна коса
Доколку сакате да се разбудите со отпуштени бранови во вашата коса, тогаш напрскајте малку бебешка пудра на коренот од косата за да се ослободите од маснотиите. Исчешлајте ја и сплетете ја во плетенка. Утредента ќе добиете холивудско стилизирани бранови.
9. Искористете ги вашите најлонски хулахопки на вашата коса
Овој трик ви гарантира дека ќе се разбудите со мека и мазна коса. Најпрво, исчешлајте ја вашата коса и направете пунџа. Потоа, искористете ги вашите хулахопки како капа за спиење, и ставете шноли каде што е потребно. Борбата со статичната коса конечно е завршена!
10. Користете пластични аксесоари за коса
Пластичните аксесоари за коса се најдобрата опција кога станува збор за контролирањето на вашата коса, особено за вашите шишки во текот на ноќта. Заборавете ги металните аксесоари, бидејќи тие многу лесно ја кршат вашата коса додека спиете.