Националниот институт за рак во Америка разгледувал неколку факти поврзани за ракот и се фокусирал на најчестите недоразбирања. Дали дезодорансите влијаат на нашето здравје? Дали е безбедно да живеете до електрана? Погледнете некои од најпознатите заблуди за ракот за кои научниците тврдат дека се невистинити.rn
1. Дали консумирањето премногу шеќер го поттикнува развојот на рак?
rn
rnrnНе, но докажано е дека клетките на рак консумираат повеќе гликоза од нормалните. Не постојат податоци кои докажуваат дека слатките предизвикуваат рак. Исто така не постојат податоци кои докажуваат дека избегнувањето на шеќерот го забрзува лекувањето.rn
2. Дали вештачките засладувачи предизвикуваат онколошки заболувања?
rn
rnrnНекои истражувања покажале дека консумирањето на овие производи не предизвикуваат рак. Сите вештачки засладувачи се одобрени од Американската администрација за храна и лекови.rn
3. Дали стресот води до рак?
rn
rnrnЕмоциите на секој болен човек се нестабилни. Оптимистите остануваат активни и остануваат во допир со светот, а ова им помага да се справат со болеста. Не постојат информации кои докажуваат дека постои врска помеѓу емоционалната состојба и ризикот од рак.rn
4. Дали електромагнетната радијација предизвикува онколошки заболувања?
rn
rnrnСпоред најновите истражувања, одговорот е не. Ѕидовите на вашиот дом се доволна заштита од електромагнетната радијација.rn
5. Дали ракот е наследен?
rn
rnrnСамо 5-10% од ракот се развива како резултат на мутации кои се пренесени од претходните генерации. Останатите 90-95% од случаите се случуваат поради мутации кои се поврзани со стареењето или влијанието на околината.rn
6. Дали дезодорансите предизвикуваат рак на дојката?
rn
rnrnСупстанциите во овие производи не влијаат на промените на ткивото во градите.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
