Неколку трикови што ќе ви помогнат да спиете подобро

Неколку трикови што ќе ви помогнат да спиете подобро

По напорниот работен ден, сѐ што ви треба е добар одмор во текот на ноќта. Но, честопати, како резултат на секојдневните случувања, останувате будни до подоцна и се соочувате со неквалитетен сон. Доколку се пронаоѓате во ова, тогаш корисни ќе ви бидат овие неколку решенија кои ги нуди Марија, позната личност на Јутјуб која има свој канал и објавува видеа каде што таа нежно зборува и истите делуваат емотивно смирувачки. Во продолжение погледнете ги нејзините совети.

Неколку начини кои ќе ви помогнат да спиете подобро

1. Исклучете ги социјалните мрежи

Препораката број еден на Марија е да ги исклучите од сите социјални мрежи пред спиење, затоа што новостите на Фејсбук и Инстаграм никогаш не завршуваат.

„Денес, многу е тешко да заспиете кога пред вас имате отворено Твитер, каде што постојано добивате нови известувања“, вели таа. „Па, на некој начин, секогаш ќе постои нешто што ќе можете да гледате. Тоа создава ситуација која ќе го збуни вашиот мозок, бидејќи постојат многу работи кои ви го одвлекуваат вниманието. Потоа ќе забележите дека сте поминале еден час на Фејсбук, наместо за тоа време да сте се обидувале да заспиете.“

Иако и нејзиниот канал на Јутјуб на некој начин се смета како социјална мрежа, таа вели дека доколку се фокусирате само на видеото, наместо, на пример, да пребарувате по коментарите, ќе заспиете многу полесно.

„Не треба да го следите концептот на видеото“, вели таа. „Можете само да го вклучите и да го слушате сето она што се случува. Нашите видеа се доволно долги при што ако ги оставите во позадина, ќе имате доволно време да заспиете.“

2. Запишете ги вашите грижи што ви се случиле во текот на денот

Секој ден, во одреден час, Марија темелно ги анализира сите нејзини стравови и грижи, со цел да не мора повторно да размислува за нив сè до утрешниот ден.

„Секогаш предложувам да ги запишете вашите грижи и да се обидете да анализирате зошто тоа ве загрижува и кој е можниот исход“, вели таа. „Направете го тоа во текот на денот, при што во ноќта не би требало да се грижите, затоа што веќе сте се соочиле со тоа претходно. Поголем дел од времето, јас се обидувам да ја свртам секоја ситуација во позитивна перспектива, така што нема да се преокупирам со сомнежи и да се грижам премногу.“

Марија се смета себеси за личност која премногу се грижи, па затоа издвојува време да размисли за нејзината нервоза и стрес и да ја организира својата вознемиреност.

Неколку начини кои ќе ви помогнат да спиете подобро

3. Планирајте го однапред вашиот распоред

„Треба да го планирате вашиот распоред однапред“, вели Марија. „Па, доколку треба да отидете на спиење за еден час, треба да ги сведете своите активности на минимум. Поставете си граници за времето кога треба да легнете.“

Таа препорачува да се држите до одреден ноќен распоред, при што на овој начин вашето тело ќе разбере кога е време да отидете да спиете и нема да се бори против тоа.

4. Практикувајте релаксирачки активности сами или со вашиот партнер

Нешто едноставно, како што е боењето или слушањето смирувачко видео, може да ја намали тензијата и да ве подготви за спиење.

„Практикувајте топла бања“, вели Марија. „Дајте си масажа, тријте ги нозете и рацете. Доколку имате партнер кој може да ви помогне во ова, тоа е совршено. Можете да се масирате еден со друг за двајцата да си помогнете да заспиете, бидејќи тоа е многу релаксирачки.“

Всушност, долгогодишното момче на Марија редовно ја чешла нејзината коса, со цел да ја опушти по напорниот ден.

„И двајцата знаеме што ни одговара и научивме кои се нашите омилени работи“, вели таа. „Ние ги даваме тие работи преку допир и изразување. Нашата врска стана многу подлабока затоа што се обидуваме да се задоволиме еден со друг, не само на сексуален начин, туку и подлабоко, на поинтимно ниво на поврзување.“

5. Практикувајте медитирање

Со сите секојдневни случувања, многу е тешко да имате чувство на спокој и мир. Затоа, во вечерните часови, Марија слуша смирувачка музика и се обидува да биде свесна за она што ја опкружува.

„Она што сакам да го направам е да седнам и да започнам со анализирање на сѐ околу мене“, вели таа. „Ги слушам звуците и се обидувам да разберам од каде доаѓаат, колку тие се убави и како стигнуваат овде. Тоа е свеста за она што е животот и со анализирање на малите нешта што ве опкружуваат, како што е на пример столот на кој седите, тој бил направен од некој човек, бил дизајниран и испорачан до вас од други луѓе, ќе почнете да чувствувате љубов и страст за светот околу вас. Со ова, вие сте свесни за вашето опкружување и сте присутни во светот, исто како што е сѐ друго.“

Па, вреди да се обидете да ги практикувате овие начини, при што ќе се ослободите од нервозата и ќе имате поквалитетно спиење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар