Го мразиме студенилото, но затоа ги сакаме освежувачките, студени пијалаци. Но, дали знаевте дека мразот може да користи и во служба на убавината? Можеби веќе дознавте за трикот на Мерлин Монро, но сепак коцките мраз имаат уште многу други примени. Па затоа, ставете неколку коцки мраз во вашиот омилен пијалак, но обидете се да сочувате неколку и за вашето разубавување.rnrn
rn
Сè што треба да знаете за „студените“ терапии:
rnСекогаш применувајте ги на чиста кожа! Секогаш носите заштитни ракавици, особено ако планирате да ја примените „студената“ терапија на лицето. Немојте да го ставите мразот директно на кожата, туку замотајте го во мека крпа или пластично ќесе. Коцките мраз можете да ги користите директно кога ќе ги ставите на акните или отокот. Немојте да го држите мразот на лицето подолго од еден час. За подобар ефект, направете коцки мраз од краставица, зелен чај или лук.rn
1. Помека кожа
rnСекоја вечер пред спиење, измијте се, а потоа со ќесе наполнето со мраз благо масирајте го лицето и вратот околу 3 минути. За неколку дена ќе забележите разлика – вашата кожа ќе биде посвежа, помека и помазна. Ова е одличен трик и за намалување на видливоста на брчките, но и за постигнување на подобар и поквалитетен сон.rn
2. Решете ги акните
rnПосле миењето, коцките мраз завиткајте ги во чиста, мека крпа или салвета и ставете ги на акните од 3 до 5 минути. Резултатот ќе ве изненади!rn
3. Намалување на видливоста на брчките
rnСекој ден пред нанесување на шминката масирајте го лицето со мраз околу една минута. Ова ќе ја поттикне циркулацијата на крвта и ќе го намали прераното стареење на кожата и создавањето брчки.rnrn
rn
4. Затворете ги порите
rnПроширените пори ќе исчезнат за неколку дена доколку секој ден со коцки мраз нежно ќе го масирате лицето. Оваа постапка нека трае од две до три минути.rn
5. Нека надуените капаци станат минато
rnНа сите ни се случува да се разбудиме со очи надувани како „балони“! Коцките мраз ставете го во марамче или мека крпа и две минути благо, со кружни движења масирајте ја критичната област.rn
6. Решете се од масните наслаги на стомакот
rnЗдрава исхрана, вежбање и овој трик – ставете ќесе полно со мраз на стомакот и држете го 15 минути. Направете пауза од 3 минути и повторете ја постапката, но така што оваа терапија да не трае подолго од еден час. На овој начин белите масни ќелии ќе се трансформираат во кафеави кои потоа полесно ќе ги согорите. Сепак, запомнете го почетокот на реченицата – овој трик е успешен само во комбинација со балансирана исхрана и редовно вежбање.rnrn