КАФЕ ПАУЗА

Како да станете една од оние девојки по кои момците полудуваат?

Written by

in

,

Не постои личност која не сака да биде посакувана, но како можете да го сторите тоа без притоа да добиете статус на „лоша девојка“? Погледнете ги следниве неколку начини на кои можете да ги освоите момците и да бидете една од оние личности кои тие гордо би сакале да ја наречат своја девојка.rnrnКако да станете една од оние девојки по кои момците полудуваат?rn

1. Скротете ја вашата луда страна

rnМажите обожаваат да велат дека жените се луди, бидејќи тие жестоко се лутат ако чујат вакви коментари. Но, тоа некогаш воопшто не е далеку од вистината. Факт е дека токму момците се оние кои ве полудуваат, но целта е да ја надминете потребата за „луди“ реакции и да се обидете да делувате смирено во секоја ситуација. Ова е навистина тешко, но кога ќе успеете да го сторите тоа ќе станете многу подобра личност, како за себе, така и за мажите околу вас.rn

2. Престанете да размислувате за мислите на мажите

rnИстражувањата секојдневно ни покажуваат дека мажите размислуваат помалку одошто жените мислат. Проблемот настанува во моментот кога жените се обидуваат да откријат за што размислуваат мажите, мислејќи дека станува збор за нешто сериозно, а всушност тие може само да си вртат неповрзани зборови низ своите мисли во обид да си го опуштат мозокот.rn

3. Не ги заборавајте своите потреби

rnИ жените имаат свои потреби, исто како и мажите, но понекогаш тие забораваат на нив и се обидуваат да ги задоволат само потребите на својот партнер. Тоа кај мажите може да предизвика чувство на гушење, а кај жените чувство дека нивните партнери не се грижат доволно за нив. Единствениот начин да се надмине овој проблем е доколку двете страни се погрижат најпрво за своите потреби, а потоа се насочат кон задоволувањето на потребите на другиот.rn

4. Борете се за себе

rnАко тој е безобразен и прави нешта кои не ви одговараат, најлошото нешто што можете да го сторите е да го игнорирате и да глумите дека сè е во ред. Мажите кои навистина се грижат за вас искрено сакаат и вие да бидете среќни и задоволни, додека оние кои не се грижат за вас најчесто во сè ќе наоѓаат маани. Не ви е потребен ваков човек крај вас. Ако се изборите за себе, вие ќе ја зголемите вашата самодоверба која потоа како магнет ќе привлекува добри момци кон вас.