Тоа што некоја личност е родена во непарен ден, непарен месец и/или непарна година има своја цел, а нумерологијата на овој начин ви помага да дознаете неколку работи за себе и за другите. Сведете ги вашиот ден, месец и година на раѓање на едноцифрен број и одговорот побарајте го во комбинациите подолу.rnrn
rnrnНа пример, ако сте родени на 14.11.1977 година, тоа би изгледало вака:rnrn1. Ден: 14=1+4=5rnrn2. Месец: 11=1+1=2rnrn3. Година: 1+9+7+7=24=2+4=6rnrnСпоред ова, вашата комбинација 5-2-6 е непар, пар, пар.rnrnНаправете ги едноставните пресметки и потоа пронајдете ја вашата категорија во објаснувањата подолу. Ќе се изненадите што сè можете да откриете за вашиот карактер од оваа анализа…rn
1. Комбинација непар – непар – непар
rnЗа личностите родени во оваа комбинација се смета дека секогаш тежнеат кон светлата страна. Тие би требало да бидат насочени кон уметноста, а исто така да им се посветат на древните окултни учења. Се смета тие се чувствителни, духовни и благородни. Честопати во животот се поставуваат и се докажуваат како големи сонувачи, а прилично тешко се снаоѓаат во практичните работи. Но, тоа во никој случај не значи дека не поседуваат посебно квалитетна и креативна енергија.rnrnОвие личности живеат за љубов, но честопати страдаат токму поради неа. Се смета дека на емотивен план тешко поставуваат рамнотежа, односно се премногу чувствителни и ранливи. Ним во многу моменти им е тесно и во сопствената кожа, при што не знаат што да прават со себе. Тогаш сѐ им изгледа бесмислено и бесцелно, па се нерасположени. Сепак, тоа кај нив трае кратко, па веќе во наредниот момент може да се претворат во личност која е полна со свежина и оптимизам.rnrnПо правило, личностите родени во целосно непарна комбинација имаат прекрасна и широка душа. Тие умеат да сочувствуваат со нивните блиски и да се соживуваат со нивните проблеми. Но, бидејќи се премногу чувствителни, лесно е да го изгубат своето расположение, дури и поради некои најобични и неважни работи кои само тие ги гледаат и само ним им пречат. Честопати кога им се лутат на другите, таа лутина може целосно да ја пренесат и на самите себе. Се случува во одреден момент тие да сакаат многу повеќе отколку што ситуацијата тоа може да го дозволи, па тоа е најчеста причина за појава на нервоза и бес.rnrn
rn
2. Комбинација непар – непар – пар
rnСите кои се родени во комбинација на непарен ден и месец, а парна година, се сметаат за премногу емоционални личности. Но, тие својата емоционалност вешто ја прикриваат, при што понекогаш и самите не можат да си поверуваат како можат да го изведат тоа. Ако другите не ја познаваат нивната вистинска природа, тие остануваат мистериозни за околината. Карактеристично за нив е што не зборуваат за своите планови и намери, дури ниту со своите блиски. Имено, тишината за нив е вистинска формула и тајна за успех. Доколку зборуваат за работите кои планираат да ги остварат, тогаш тие ќе се чувствуваат незаштитено и сметаат дека некој ќе им се попречи на нивниот пат.rnrnЛичностите родени во оваа комбинација живеат живот под маска – не треба да се обидувате да ги сфатите или да ги разоткриете. Секогаш кога ќе помислите дека неизбежно е да ви ги доверат своите тајни, тие ќе измислат некоја друга вистина за себе и истата ќе ви ја соопштат. Затоа, подобро е да не им вршите притисок. Иако можеби тие би сакале да ви се доверат искрено, нивната потсвест ги тера да ве излажат. Доколку навистина сакаат да лажат во некоја ситуација, тоа никогаш и никој не може да го открие. Доколку пак се определат за некоја уметничка вештина, неминовно е дека зад себе ќе остават прекрасни дела, со најголеми уметнички и естетски вредности.rnrn
rn
3. Комбинација непар – пар – непар
rnНа сите кои се родени во оваа трета комбинација им е судено во животот да се карактеризираат како креатори на нешто материјално, односно нешто со реални вредности. Од оваа комбинација најпознати се светските архитекти и иноватори, како и личности кои успехот во основа го согледуваат во природните науки. Определувањето за кариера во некоја друга област е многу поретко. Интересно е дека овие луѓе можат да бидат во успешен брак од која било астролошка-нумеролошка комбинација. Основата за таквата предодреденост се наоѓа во фактот што овие личности се најголеми носители на хармонијата. Кај нив го има сѐ она што им е потребно на другите комбинации и затоа може успешно да се вклопат со која било друга комбинација. Овие личности по природа се отворени, што на многумина им се допаѓа, па честопати се обожавани од другите. Се карактеризираат со голема динамичност и со нив не може никогаш да ви биде досадно.rnrn
rn
4. Комбинација пар – непар – непар
rnИако личностите од четвртата комбинација си се сметаат за големи експерти, рационални и луѓе кои сакаат акции, ним им е судено да се стремат кон мистицизам и окултни учења. Меѓутоа, тоа ни најмалку не им пречи при решавањето животни проблеми. Напротив, им дава предност во однос на оние кои се определиле за материјалното или духовното. Карактеристично е што личностите од оваа комбинација може да се обидат со сите спортски дисциплини, најразлични учења, па нема област во животот која им е непозната или недостапна, туку само во прашање е нивната желба.rnrnНикој друг освен нив не е во состојба да биде како „зачин во секое јадење“ и оној кој дава конечен, завршен вкус. За нив не постојат важни или неважни работи, туку сѐ е подеднакво важно и вредно. Тие на ништо не даваат приоритет. Имаат исклучителна способност за набљудување и ангажирање, па никогаш, ништо не може да ги врзе и да ги задржи подолго време. Се претпоставува дека овие личности треба да бидат, макар и како хоби, скулптори, сликари и градежници. Тука се во способност да ја изразат својата природа во сите практични и мистериозни бои и аспекти.rnrn
rn
5. Комбинација непар – пар – пар
rnРодителите би требало да бидат многу среќни кога ќе им се роди вакво дете! Имено, со нив нема да имаат потешкотии при одгледувањето, а ниту пак подоцна во самостојниот живот. Овие личности се одликуваат со одредена умереност на емотивен и духовен план, како и во сите други области на живеење. Карактеристично е што во секој од нив доминира целосна рамнотежа. Ним им се предвидува сигурен успех доколку се занимаваат и се посветат на природните науки. Може да се каже дека се родени математичари и физичари, но и дека со огромен успех може да се покажат како биолози, посветени градинари, аналитички еколози. Сѐ што има врска со природните науки, ним им е лесно и тоа го сакаат. Со својата упорност ги отстрануваат и најголемите пречки кои им се појавуваат на зацртаниот пат и секогаш стигаат до посакуваната цел.rnrnТие никогаш и под никакви околности не си дозволуваат да имаат бурна реакција, без оглед на одредени работи и појави кои излегуваат од кругот на нормалното. Тие делуваат како апсолутно ништо да не ги иритира, но тоа не е точно, зашто успеваат сите да ги доведат на правото место, па не сакаат да прават непотребен циркус. Во околината секогаш се покажуваат како ведри личности кои се грижат за општото добро. Сакаат многу и се стремат кон остварување едноставен и мирен живот. Може да проголтаат многу работи, но во вистинскиот момент го наплаќаат тоа, дури и со камата.rnrn
rn
6. Комбинација пар – непар – пар
rnКога околината мисли дека некоја личност е ладна, најверојатно се работи за личност родена во оваа група. Тоа надворешно студенило, од кое личноста може да се срами, е само последица на максимална рамнотежа, која овозможува во секоја прилика да реагираат остро, со ладна глава и соодветно. Таквата поставеност кон светот им овозможува на овие личности да се впуштат во каква било работа. Особено им се погодни оние работи каде што се бара голема организација. Тоа ги прави задоволни и не им е тешко да извршат некоја голема трансакција или задача. Само тие се во можност во секој момент да знаат што се случува во одреден дел од работата и секогаш при рака имаат подготвено повеќе алтернативи за секој проблем или пречка што може да се појави.rnrnОвие личности лесно можат да им ја наметнат својата волја на другите од околината. Слично се случува и кога ќе сакаат да придобијат некого. Имено, доволни им се неколку зборови и еден значаен поглед за од секого да направат да биде нивен следбеник и потчинет. Кога е во прашање оваа шеста комбинација, може слободно да се каже дека на овие личности им е апсолутно непозната каква било духовна криза. Тоа им дава огромна предност во споредба со личностите родени во останатите комбинации, па затоа и многу често им завидуваат. Способноста успешно да се носат со сите проблеми е примарна во нивниот живот, па мирните периоди може да им изгледаат многу досадни и неинтересни до таков степен што честопати се впуштаат во големи потфати за кои однапред знаат дека нема да имаат никаква корист.rnrn
rn
7. Комбинација пар – пар – непар
rnВо седмата комбинација постојат два пара и еден непар и тоа укажува на фактот дека овие личности му се подостапни на физичкиот свет и имаат големо ниво на знаење. Тоа посебно доаѓа до израз доколку овие личности се одлучат за кариера како лекари, хирурзи, психолози или психијатари. Неверојатна е брзината и точноста со која тие дијагностицираат нешто и нивната брзина да извршат повеќе операции. Во овие области се без конкуренција, без разлика дали се работи за медицина или економија. Тие секогаш се присутни со вистинското решение. Ним како да им е судено да им помагаат на другите и притоа да не водат сметка за своите интереси. Секогаш се достапни и подготвени да спасат некого.rnrnСосема им е сеедно кој е во неволја, затоа што кон сите имаат еднаков третман. Старите пријатели немаат некои поволности, а ниту пак непознатите имаат полош третман. Тие се универзални спасувачи. Оваа комбинација им дава на личностите кои имаат повисоко образование уште поширок поглед на светот и владеење со разни области и работи. Може да бидат одлични во полето на мистиката и окултизмот, иако тоа е област која не ги привлекува, но тие со леснотија може да го надминат овој проблем и да станат познати. Не треба да се заборави и тоа дека овие личности се класифицирани како исклучително рационални видови, односно категорија која не верува премногу во непознатото.rnrn
rn
8. Комбинација пар – пар – пар
rnКај лицата родени во целосен астролошко-нумеролошки пар, се нагласува нивната ориентација која е насочена кон земните работи. Таквата основа во никој случај не ја исклучува суштинската и големата чувствителност што тие ги поседуваат и упатува на еден многу чувствителен и длабок внатрешен живот. Можеби најдобриот пример за ова тврдење може да се најде во односот кон уметноста. Овие личности се свесни за нивниот недостаток на потенцијал за сами да создаваат уметнички дела на високо ниво, па се задоволуваат со следење и разбирање на уметноста на највисоко ниво. Ретко сами се впуштаат во авантура, затоа што се свесни за својата личност. Тие може да бидат предизвикани од туѓиот низок уметнички спектар, па од шега да направат многу успешни и оригинални дела.