Иако вам можеби ви се чини дека свекрвата сака само да ви „соли памет“, не сте сосема во право. И на свекрвите им е тешко да се прилагодат на промените, но нивните намери се секогаш најдобри. Токму затоа, тие ги премолчуваат следниве работи, иако потајно ги мислат…
rn
1. „Боли кога некој ќе ве замени“
rnВо првите децении од неговиот живот, таа била жената која најмногу се грижела за вашиот сопруг, а сега одеднаш нејзината улога е споредна. Дајте ѝ време да се прилагоди на промената.rn
2. „Знам дека тој е сега твој сопруг“
rnНо, тој сѐ уште е нејзин син. Без разлика што тој пораснал и се оженил, мајчинската грижа и понатаму треба да присутна во неговиот живот.rn
3. „Немаш самодоверба“
rnДури и најмалите, обични коментари што излегуваат од устата на свекрвите, невестите ги доживуваат како критики и навреди, па затоа мораат многу да внимаваат за да не ги повредат.rn
4. „Добро би било да покажеш малку благодарност“
rnИако можеби не ви се допаѓа нејзиниот подарок за роденден, таа сепак го купила и потрошила време за да го одбере. Заблагодарете ѝ се искрено.rn
5. „Го посакувам најдоброто и за тебе и за мене“
rnМајките/свекрвите честопати им велат на нивните синови дека сакаат да бидат среќни и да имаат убав живот, но ретко кога кажуваат гласно дека и тие самите би сакале да бидат среќни. Сакаат да бидат вклучени, да ги прашувате за совет и да разговарате со нив.rn
6. „Имам големо искуство…“
rnВашата свекрва знае дека планирате да купите стан, вие знаете дека таа веќе купила и продала неколку станови во нејзиниот живот, а сепак никој не бара совет од неа. Зошто?rn
7. „Доаѓам во посета“
rnСвекрвите доаѓаат за да го видат семејството, а не состојбата на домот. Тие не очекуваат дека станот ќе блеска и покрај тоа што имате мали деца. И тие биле млади мајки и свесни како изгледа домот преполн со деца. Опуштете се кога ќе ви дојде свекрвата на гости. Пуштете ги децата да си играат со неа и уживајте во мирните моменти.rn
8. „Го имам неговиот телефонски број“
rnАко вашата свекрва сака насамо да разговара со нејзиниот син, ќе му се јави на мобилен. Нема да го бара на домашниот телефон.
rn
9. „Многу сум благодарна“
rnСвекрвите се многу благодарни за малите работи што им ги овозможуваат снаите, како на пример, тоа што не се расправаат кога му дозволуваат на сопругот сам да отиде во посета на мајка му. Сите мајки сакаат да си ги имаат децата само за себе, барем на кратко.rn
10. „Имам мала тајна…“
rnТаа се плаши дека ќе го прекинете контактот со неа, ако погреши нешто. Тоа е нејзината најголема тајна.rn
11. „Јас, како баба, се натпреварувам со мајка“
rnНекои мајки немаат средства да купуваат скапи подароци или да го носат децата на скапи излети. Сѐ што можат да направат е да ги причуваат децата и да ве сакаат со сето нивно срце.rn
12. „Среќна сум што ве имам“
rnКога свекрвата ќе дојде да преспие кај вас дома, ја дочекувате со подготвена соба, чисти пешкири и сѐ друго што ќе ѝ затреба. Тоа таа многу го цени и многу е благодарна.rn
13. „Ги чувам работите што ми ги подарувате“
rnМногу се благодарни за секој магнет што ќе ѝ го донесете од вашите патувања.rn
14. „Не треба да ме викаш ’мамо’“
rnТаа не го очекува тоа од вас, но би сакала да бидете доволно блиски за да можете да разговарате за сѐ што ви се случува.rn
15. „Сакам да ве направам среќни со моите мали гестови“
rnАко ви купила нешто што не ви се допаѓа, можете да ѝ го кажете тоа, но на љубезен начин.rn
16. „Ти благодарам што го правиш син ми среќен“
rnДоколку вашата свекрва никогаш не ви го кажала ова, тоа е така затоа што не сака да си помислите дека ви се умилкува. Таа е многу благодарна што нејзиното дете е среќно со вас.
rn
17. „Многу сум љубопитна“
rnТаа очајно сака да знае кога ќе стана баба!rn
18. „Многу би сакала да разговарам со тебе за важни работи“
rnСвекрвите многу пати стојат на страна и гледаат како донесувате животни одлуки што можеби не се најдобри за вас.rn
19. „Свесна сум дека нема уште долго да бидам со вас“
rnТаа сака да биде среќна во последниот период од животот, а не да се расправа за ситници.rn
20. „Разговарај со мене“
rnАко мислите дека не можете да разговарате со вашата свекрва затоа што не ја знае целата приказна, објаснете ѝ. Таа само сака да помогне.rn
21. „Би сакала да бидеме поблиски“
rnПоследниот пат кога ви била на гости, едвај сте размениле неколку збора. Таа не разбира зошто е тоа така. Доколку постои некаков проблем, би сакала да го решите што е можно побрзо.rn
22. „Мислев дека ќе бидеш среќна поради тоа што сум ти свекрва“
rnТаа се надевала дека ќе се разбирате, но ситуацијата е поинаква и тоа ја убива.rn
23. „Некои свекрви кажуваат секакви работи“
rnНо, вистинската свекрва никогаш не го прави тоа намерно.rn
24. „Моите повици во 8 часот наутро во сабота не се злонамерни“
rnТаа се надева дека нема да ве налути со тоа што ви се јавува наутро. Вашата свекрва едноставно не може да дочека да го започне викендот со вас.rn
25. „Сум имала богат, возбудлив и комплициран живот“
rnТаа би сакала да ја доживувате како интересна жена, а не само како свекрва. Свекрвите пред сѐ се луѓе со возбудливо минато, а не здодевни баби кои сакаат да ве нервираат.
Доколку сепак не можете да излезете на крај со мајката на вашиот сопруг, можеби ќе ви помогнат следниве 10 совети за да се справите со вашата свекрва.

