10 чудни факти за виното што сигурно не сте ги знаеле

10 чудни факти за виното што сигурно не сте ги знаеле

Сигурно веќе ви се познати придобивките што ги овозможува виното. Имено, тој е омилен пијалак на многумина, но, сигурни сме дека постојат некои работи во врска со него што не сте ги знаеле. Па, наредниот пат кога ќе пиете вино со вашите пријатели, направете ја атмосферата поинтересна така што ќе ги споделите овие чудни факти…

10 чудни факти за виното што сигурно не сте ги знаеле

1. Не се сите вина вегетаријански. Некои поминуваат низ процес на филтрирање кој користи животински непланирани производи, како што е желатинот.

2. Постои Кит-кет чоколадо од вино. Но, може да се најде само во Јапонија и на Амазон.

3. Италија од неодамна има бесплатна, 24-часовна фонтана од која тече вино.

4. „Пиењето во нечија чест“ датира од античка Грција. Тогаш домаќинот требало да ја испие првата чаша вино, за да им покаже на гостите дека нема намера да ги затруе.

5. Наздравувањето започнало во античкиот Рим. Односно, кога римјаните ставале парче печен леб во секоја чаша за да ја ублажат прекумерната киселост.

10 работи кои не сте ги знаеле во врска со виното

6. Најстарото шише од вино е навистина старо. Поточно, тоа датира од 325 година од новата ера и е изложено во музеј во Шпајер, Германија.

7. Хамурабиевиот законик (од 1800 година пред нашата ера), имал закон во врска со виното. Лажните продавачи на вино требало да бидат казнети со давење во реката.

8. Жените се подобри дегустатори на вино. Бидејќи дегустацијата има голема врска со мирисот, жените (особено оние кои се во репродуктивниот период) подобро можат да идентификуваат, но и да направат разлика помеѓу одредени миризби во однос на мажите.

9. Не сите вина стануваат подобри со текот на годините. Всушност, 90 проценти од вината би требало да се консумираат во рок од една година по производството.

10. Постои страв од вино и се нарекува оенофобија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар