Листата на придобивки од виното е навистина голема, секако доколку се консумира во мали количини. Докторите препорачуваат да се пие по една чаша вино дневно, бидејќи преминувањето на оваа граница може да се одрази негативно врз здравјето.rnrn
rnrnСледуваат неколку бенефиции кои ќе ги осетите доколку редовно пиете умерена количина.rn
1. Ја подобрува меморијата
rnЕдно истражување направено на лица постари од 70 години, покажало дека оние кои пијат по една чаша вино дневно, паметат повеќе од останатите. Исто така, докторите објаснуваат дека тоа спречува згрутчување на крвта и го намалува воспалението на крвните садови.rn
2. Помага при согорување калории
rnПраксата покажува дека луѓето кои пијат вино редовно, имаат помала телесна тежина од оние кои го консумираат ретко. Докажано е дека испиената чаша вино, може да го натера вашето тело да согорува калории цели 90 минути.rnrn
rn
3. Го зајакнува имунитетот
rnЕдна Британска студија вели дека љубителите на вино го намалуваат ризикот од инфекција со бактеријата Хеликобактер пилори, која може да предизвика гастритис, чир или рак на стомакот. Исто така, помага и при заштитата од труење со храна, како на пример од салмонела.rn
4. Заштитник на женските јајници
rnЕдна чаша дневно го намалува ризикот од рак на јајници за 50%. Научниците веруваат дека ова се должи на антиоксидансите кои ги има во виното, а кои имаат антиканцерогени својства.rnrn
rn
5. Ги зајакнува коските
rnВо просек, луѓето кои се редовни консументи на вино, имаат поголема коскена маса од оние кои не го консумираат. Алкохолот го зголемува нивото на естроген, хормон кој го забавува разронувањето на старите коски.
