КАФЕ ПАУЗА

Италија го исполни сонот на љубителите на виното: Фонтана од која тече вино наместо вода!

Италија го исполни сонот на љубителите на виното: Фонтана од која тече вино наместо вода!

Дали некогаш сте виделе фонтана и сте помислиле: „Многу би било покорисно да течеше вино наместо вода“? Љубителите на виното сигурно го помислиле тоа повеќе пати. За среќа, постојат луѓе кои навистина ги остваруваат соништата.rnrnИталија го исполни сонот на љубителите на виното: Фонтана од која тече вино наместо вода!rnrnИмено, на 9-ти октомври во Абруцо, Италија се отвори фонтана од која тече домашно вино по цел ден, секој ден. Звучи премногу добро за да биде вистинито? Подгответе се за следново: За да се напиете од Фонтаната на виното или на италијански Fontana del Vino треба да платите исто толку колку што плаќате за да ја користите обичната здодевна фонтана со вода. Бесплатно е!rnrnНајдобрата фонтана на светот се наоѓа на познатиот пат по кој верниците одат на аџилак, Камино ди Сан Томасо (Cammino di San Tommaso) во гратчето Калдари ди Ортона. Камино ди Сан Томасо е патот од Рим до катедралата каде се наоѓаат моштите на еден од апостолите на Исус, Свети Тома.rnrnОваа винска фонтана на радоста е инспирирана од една слична фонтана во Шпанија која се вика Камино де Сантијаго.rnrnИталија го исполни сонот на љубителите на виното: Фонтана од која тече вино наместо вода!rnrnПред да почнете да барате авионски карти за да отпатувате на ова место, винаријата Дора Саркезе што ја поставила фонтаната сака да знаете неколку работи. Прво и основно “Винската фонтана е добредојде, винската фонтана е поезија“, како што пишува на нивната Фејсбук страница. Второ, фонтаната не е наменете за пијаници и насилници. Трето, не се работи за измама со цел да добијат популарност. Фонтаната се наоѓа во огромно буре и сѐ што треба да направите за да го вкусите виното е да притиснете едно копче.rnrnПа, што чекате? Организирајте незаборавно патување, истражете ја Италија и пробајте го нивното најдобро вино!