15 знаци дека поседувате висока емоционална интелигенција

15 знаци дека поседувате висока емоционална интелигенција

Емоционална интелигенција е способност да ги препознаете и контролирате сопствените, но и емоциите на другите. Сѐ почесто се вели дека за да се успее во животот, емоционалната интелигенција игра многу поголема улога од стандардната интелигенција. Тоа е така затоа што поважно е да знаете да ги препознаете сопствените емоции отколку да бидете неверојатно паметни. Според едно истражување, спроведено од страна на Тони Робинс, постојат 15 основни знаци што можат да ви откријат дали имате висока емоционална интелигенција. Во продолжение дознајте дали можете да се препознаете во некои од нив…

15 знаци дека поседувате висока емоционална интелигенција

1. Лесно можете да ги искажете вашите емоции со зборови

Колку попрецизни и поспецифични зборови употребувате за да ги опишете вашите емоции, толку подобро разбирате како се чувствувате, која е причината за вашата емоционална состојба и како да треба да се справите со неа. Располагате со богат вокабулар и кога некој ќе ве праша како се чувствувате во врска со нешто, никогаш не одговарате со „Не знам“.

2. Љубопитни сте за луѓето кои не ги познавате

Емоционално интелигентните луѓе се љубопитни за сите луѓе околу нив. Луѓето кои поставуваат многу прашања откако ќе се запознаат со некого се многу погрижливи и почувствителни од оние кои не го прават истото.

3. Не се плашите од промени

Уште еден знак на висока емоционална интелигенција е способноста на човекот брзо да се прилагоди на сите промени што секојдневно се случуваат. Доколку промените не ве изненадуваат, туку напротив имате план за секоја можна ситуација, тогаш слободно може да се сметате за високо емоционално интелигентна личност.

4. Свесни сте за вашите позитивни и негативни страни

Емоционално интелигентните луѓе знаат кои се нивните предности и недостатоци. Тие не ги прифаќаат работите што им се случуваат туку-така, напротив, се обидуваат да разберат од кои фактори зависи нивниот успех. Овие луѓе извлекуваат максимум од нивните способности и вештини, со тоа што нивните слабости стануваат незабележливи.

5. Ги разбирате другите луѓе

Луѓето со висока емоционална интелигенција секогаш разбираат како се чувствуваат и што мислат другите. Доколку можете да ги читате луѓето како отворена книга, не постои сомнеж дека сте исклучителна личност.

15 знаци дека поседувате висока емоционална интелигенција

6. Ретко се навредувате и не држите лутина

Доколку знаете како да извлечете нешто позитивно од секоја негативна ситуација во животот, вашата емоционална интелигенција е висока. Емоционално интелигентните луѓе знаат да се пошегуваат и на своја сметка и никогаш не дозволуваат да бидат разочарани од неуспесите и животните потешкотии.

7. Знаете да се контролирате

Доколку знаете како да си го задржите мислењето за себе со цел да одбегнете непотребна караница и не реагирате импулсивно, тоа е знак на емоционална интелигенција. Емоционално интелигентните луѓе знаат кога треба да кажат „Не“ и не употребуваат реченици од типот „Мислам дека нема да можам“ или „Не сум сигурен/на“.

8. Не се плашите да правите грешки и да се ослободите од негативните мисли

Луѓето со висока емоционална интелигенција не размислуваат за грешките од минатото и не дозволуваат претходните неуспеси да ги исполнат со негативна енергија. Тие ги сметаат грешките за можност за развој. Секој неуспех го претвораат во позитивна лекција која ќе им послужи во иднина.

9. Давате, но не очекувате ништо за возврат

Емоционално интелигентните луѓе ги ценат нивните врски со другите луѓе и даваат сѐ од себе за да ги направат среќни нивните најблиски. Поради тоа, тие обожаваат да даваат подароци и никогаш не очекуваат ништо за возврат.

10. Ги одбегнувате негативните луѓе

Доколку можете да ја сведете вашата комуникација со негативни луѓе на минимум, веројатноста е дека имате висока емоционална интелигенција. Емоционално интелигентните луѓе никогаш не се фрустрираат или лутат кога треба да се справат со токсични личности. Нивните чувства секогаш се под контрола и непрестајно се обидуваат да им помогнат на луѓето во тешки и кризни ситуации.

15 знаци дека поседувате висока емоционална интелигенција

11. Не трагате по совршенство

Емоционално интелигентните луѓе никогаш не целат кон совршенство, бидејќи знаат дека тоа не постои. Тие нема да се откажат кога нештата ќе тргнат наопаку и секогаш веруваат во себе и своите способности.

12. Го цените тоа што го имате

Луѓето со висока емоционална интелигенција знаат да ги ценат работите што ги имаат и секој ден наоѓаат нешто за кое треба да бидат благодарни. Станува збор за навика која го подобрува расположението, ја зголемува енергијата и општата благосостојба.

13. Знаете како да се опуштите

Доколку мислите дека ќе постигнете успех со постојано работење 24/7, сте се излажале. Работењето без одмор само ќе ја намали вашата продуктивност и ќе ви предизвика дополнителен стрес. Секогаш наоѓајте време за одмор во текот на работниот ден, без разлика колку сте зафатени.

14. Не претерувате со кофеинот и спиете доволно

Луѓето со висока емоционална интелигенција знаат дека претераната количина кафе и недостатокот на сон може да предизвика анксиозност, нервоза и вознемиреност. Токму затоа, никогаш не треба да ја потценувате моќта на квалитетниот сон. На тој начин, телото го освежува умот и го подготвува за наредниот ден исполнет со нови искуства, сеќавања и предизвици.

15. Не дозволувате никому да го уништи вашиот ден

Емоционално интелигентните луѓе се господари на сопствената среќа. Кога тие се чувствуваат убаво поради некој нивен успех, нема да дозволат ничие мислење или неоснована критика да им го одземе доброто расположение. Тие имаат голема самодоверба, но никогаш не се ставаат себеси над другите. Секогаш ги земаат предвид мислењата на луѓето околу нив и ги искористуваат за да станат уште поуспешни и попаметни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар