КАФЕ ПАУЗА

Шминка за уши: Би го пробале ли овој нов храбар тренд?

Се чини дека новите трендови во шминкањето никогаш не стивнуваат. Откако го видовме шарениот свет на маскарата, ни дојде уште еден нов тренд кој вклучува шминкање на увото. Всушност, уметноста зад овој вид шминка е тренд за убавина кој е доста популарен на Инстаграм. Според Мари Клер, овој тренд започнал пред две години благодарение на мејкап артистот Том Печо, за време на Париската модна недела, а од тогаш е користен и од повеќе шминкери кои на Инстаграм демонстрираат како да го направите тоа.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnОчигледно е дека шминкањето на увото е тренд и на модната недела и кај шминкерите, но што е со нас, обичните луѓе? Би се осмелиле ли и вие да го следите овој тренд или сепак ќе го испробате само во приватноста на вашиот дом? Не можете да знаете дали ви одговара сѐ додека не се обидете. Па, доколку сте желни да видите како би изгледале со шминка на увото, во продолжение погледнете неколку начини кои ќе ви покажат како да го направите тоа.rn

1. Користете светкава сенка

rnИзберете две нијанси на бои: Бакарна и златна. Започнете со нанесување боја од страната на увото. Комбинирајте ја според тоа како ви одговара, а имајте ја предвид и бојата на вашата коса.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnПрепорачливо е да избегнувате користење златни или жолти сенки во внатрешноста на увото, за тоа да не изгледа нечисто. Потоа, со помош на тврда четка додајте сјај колку што сметате дека ви е потребен.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnНо, овој изглед дефинитивно не е наменет за секојдневието, па доколку сакате да го испробате, тогаш зачувајте го за некој посебен настан.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rn

2. Прецизна линија

rnСледниот начин на кој можете да го нашминкате вашето уво, е инспирација од Инстаграм профилот на Виолет Серет, односно од нејзината шминка која изгледа како да имате накит на увото. Користете го омилениот ајлајнер и прецизно повлечете линија што ќе ги следи неговите линии. Ваше е како сакате да го направите ова.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnПотоа, земете водоотпорна сенка во розово-златна боја (или друга боја по ваша желба) и со мала четка нанесете врз исцртаната линија.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnОвој изглед делува попривлечно од претходниот затоа што вака ќе добиете повеќе внимание. Од далеку изгледа како да носите накит, но од блиску луѓето ќе може да ја забележат вашата уметност.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnСепак, обидете се со ова само доколку имате многу трпение и стабилна рака.rn

3. Манжетни на увото

rnОвој начин на шминкање е инспириран од изгледот на Том Печо на Ентони Вакарело во 2014 година и тоа не е особено тешко за да се постигне. Користете ајлајнер за да го обоите долниот дел од вашето уво.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnМоже да додадете малку сјај, но не користете производи кои содржат масло, затоа што тие ќе ја уништат бојата.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnОвој начин не одзема многу време, а изгледа привлечно.rnrnНов тренд, шминкање на увото: Би го испробале ли?rnrnПа, доколку сте храбри, испробајте го овој тренд и забележете како останатите ќе реагираат на вашиот нов изглед!