За жал, честопати сме сведоци на сообраќајни несреќи предизвикани од пијани возачи. Пиењето и возењето не одат заедно, особено кај оние кои не научиле како да пијат одговорно. Добрите пријатели може да бидат од огромна корист во овие ситуации. Па, бидете добар пријател и направете ги овие неколку работи кога ќе забележите дека некој не е способен да седне зад волан.
rn
1. Бидете наметливи
rnПонекогаш сѐ што треба да направите е да го прашате вашиот пријател или пријателка дали е во состојба да вози. Честопати ќе ви каже дека е во ред, но во некои случаи тој/таа ќе ја согледа ситуацијата и ќе сфати дека е премногу пијан/а за да вози. Како и да е, бидете наметливи и понудете се да го/ја однесете дома.rn
2. Соберете повеќе пријатели
rnДоколку не можете да се справите сами, викнете ги и останатите пријатели и убедете го/ја дека е премногу пијан/а за да вози.rn
3. Понудете им уште пиење
rnМожеби ова ви звучи чудно, но доколку му/ѝ понудите уште една чашка алкохол, вие ќе се задржите подолго и ќе имате време да испланирате друг алтернативен превоз до дома.rn
4. Организирајте превоз
rnДоколку сте домаќин на забавата, тогаш дајте им до знаење на вашите пријатели дека треба да дојдат со автобус или со такси, наместо со сопствен автомобил. Така, тие нема да планираат да возат на враќање и дефинитивно ќе се вратат дома здрави и живи.
rn
5. Земете им ги клучевите
rnПонекогаш вашиот пријател може да инсистира и да тврди дека е во состојба да вози, но, вие подобро знаете каква е неговата ситуација, па единствената опција е да му ги земете клучевите од автомобилот.rn
6. Бидете им личен шофер
rnДоколку вие не планирате да пиете алкохол, понудете им на другите пријатели да ги однесете дома. Така, секој ќе може да пие колку што сака, а вие ќе бидете сигурни дека сите ќе стигнат дома безбедно.rn
7. Викнете им такси
rnАко не можете да најдете друг превоз, таксито е секогаш ваша опција. Бидејќи пијаниот пријател не е во состојба свесно да расудува, бидете тука до него или неа и платете им превоз до дома.rn
8. Понудете им да преспијат кај вас
rnКога вашите пријател или пријателка се пијани, една од најдобрите опции да се осигурите дека ќе бидат безбедни, е да им понудите да преспијат кај вас. Така, наредниот ден ќе се вратат дома сигурно.

