Вистината е откриена: Како се прави инстант кафе?
Во денешниот свет каде кафето е главниот помошник на многу луѓе без кој тие не би можеле нормално и продуктивно да функционираат, инстант кафето е вистински дар од небото. Брзо се приготвува, има силен вкус и ни помага да останеме будни во текот на денот. Но, колкумина од нас знаат што е всушност инстант кафето? Постои повеќе од 100 години, така што време е конечно да ја дознаеме вистината.
Да почнеме од она што е очигледно: Инстант кафето е направено од вистинско кафе. Целите зрна кафе се печат, мелат и варат пред да станат „инстант“. Ова кафе е готово кога ќе се извлече целата вода од свареното кафе, со тоа што ќе останат само дехидрирани кристали на кафе. За повторно да се направи кафе, само треба да се додаде вода.
Постојат два начина да се направи инстант кафе: Со спреј сушење и сушење со замрзнување. Спреј сушењето се постигнува на тој начин што течниот концентрат од кафето се претвора во многу жежок, сув воздух на температура од 250 степени Целзиусови. Водата испарува и кафето се суши во мали, тркалезни кристали.
Сушењето со замрзнување се одвива во неколку чекори. Прво, кафето се загрева додека не стане екстракт. Екстрактот од кафето потоа се лади на околу -7 степени Целзиусови додека не замрзне. Кафето повторно се лади во некој понизок сад на -40 степени Целзиусови додека не се формираат дебели и цврсти парчиња мраз од кафе. Мразот од кафе се крши на гранули. Потоа, тие се ставаат во вакуум за сушење, каде мразот испарува и остануваат инстант кафе гранули.
Во продолжение погледнете го видеото за да видите како функционира процесот на сушење со замрзнување…
Дури и да не сте толку голем љубител на кафето, мора да признаете дека станува збор за врвна технологија. А доколку уживате во инстант кафето, добрата страна е што можете да го пиете на различни начини, од обично врело до ладно со мраз и вкусови по избор. Можностите се неограничени!