10 знаци дека тој сака да ја прекине вашата љубовна врска

10 знаци дека тој сака да ја прекине вашата љубовна врска

Не мора секогаш да постои очигледна причина за да се стави крај на врската. Понекогаш еден од партнерите станува незадоволен и несреќен бидејќи неговите чувства едноставно не се толку силни како порано. Тоа не мора да значи дека сте направиле нешто погрешно или сте се промениле, туку дека тој се променил и сега му се потребни други работи во животот. Вие можеби сте толку многу заљубени што воопшто не ја ни забележувате промената во неговото однесување, но доколку погледнете на вистинското место, ќе забележите дека постојат одредени знаци.

10 знаци дека тој сака да ја прекине вашата љубовна врска

Сепак, ако забележите дека партнерот се оддалечува од вас, тоа не мора веднаш да значи дека крајот на врската е неизбежен. Постојат и многу други објаснувања како депресија, анксиозност, стрес и слични проблеми кои можеби се изворот на неговата ненадејна промена во однесувањето. Доколку навистина сте загрижени, најдобро е отворено да поразговарате, но пред да избрзате со донесување заклучоци погледнете ги следниве 10 суптилни знаци преку кои тој можеби се обидува индиректно да ви соопшти дека не сака повеќе да биде со вас…

1. Престанал да прави планови со вас. Порано постојано бевте заедно, но одеднаш вашето долгогодишно момче наоѓа изговори за да не се види со вас. Тој можеби се обидува да го одложи неизбежното раскинување, додека не биде подготвен за тоа.

2. Почнал да се допишува со други девојки. Постојано имате чувство дека тој зборува со некоја друга. Можеби станува збор за колешка или поранешна девојка. Знаете дека не ве изневерува, но како да си бара резерва во случај да прекинете. Ако ова навистина се случува, тој веќе знае кого ќе почне да „брка“ по вашето раскинување. Звучи лошо, но на тој начин тој ќе сака да се справи со прекинот на врската.

3. Постојано сака да разговара за вашата врска. Тој постојано има потреба да разговара за проблемите во врската. Можеби тој сака да излегувате помалку со вашите пријателки или е загрижен за тоа како се развива вашата кариера. Станува збор за работи кои никогаш порано не биле проблем, а сега одеднаш се толку проблематични што мора да ги решавате заеднички како пар. Иако тимски работите на нивното решавање, сепак сите тие „проблеми“ евентуално ќе станат причината за вашето раскинување.

4. Престанал да ви се доверува. Сте слушнале за неговото унапредување од пријател, затоа што вие не сте повеќе првата личност на која ѝ се јавува кога нешто големо и важно ќе му се случи.

5. Сѐ што правите одеднаш почнува да го нервира. Никогаш не сте го виделе олку намуртен и нерасположен. Буквално сѐ што ќе направите, му пречи. Тоа е веројатно така затоа што ги потиснува неговите чувства и желба да ја прекине врската. Ова е многу збунувачки период за него и можно е неправедно да ви се истура без никаква причина.

10 знаци дека тој сака да ја прекине вашата љубовна врска

6. Никогаш не е среќен кога е со вас. Тој престанал да се шегува кога е со вас. Не се смее кога се обидувате да го закачате или сте кажале некоја ваша шега која само вие ја разбирате. Тој е со вас, но не е присутен во моментот. Ве игнорира и постојано зјапа во телефонот. Тоа е показател дека тој веќе ја донел големата одлука, само го чека вистинскиот момент за да ви ја соопшти.

7. Започнува караници без причина. Забавен и чуден факт за машкиот мозок: Ако тој започнува караници дури и кога никој не направил ништо лошо, мисли дека може да ве убеди дека вашата љубовна врска не е доволно силна за да опстане.

8. Престанавте да имате секс. Ако тој никогаш не е заинтересиран за секс, иако порано не можел да ги тргне рацете од вас, тоа може да е знак дека неговото внимание го привлекла некоја друга девојка. Или стигнал до тој степен што сака да се држи подалеку од вас и физички и емоционално.

9. Побарал да му дадете простор. Сосема е возможно да му треба некое време да биде сам. Некои луѓе уживаат во сопствената самотија. Но, постои веројатност тој да сака да види како би се чувствувал кога не би биле заедно. Исто е како да побарал да направите пауза, само што не звучи толку страшно.

10. Неговите пораки не се исти како порано. Претходно тој постојано ви праќаше пораки за „Добро утро“ и „Добра ноќ“, но сега нема ни трага од истите. Нормално дека интензитетот на врската не може да биде ист како на почетокот и во ред е ваквите мали гестови да се намалат, но не и сосема да исчезнат. Дали вие сте тие кои постојано му се јавувате? Дали често се случува да му се јавите, тој да ви каже дека е зафатен и дека ќе ве побара подоцна, а тоа никогаш не се случува? Сте му пишале прекрасна порака за добра ноќ, а тој ви вратил со обично „Фала“. Овој знак дефинитивно не треба да го игнорирате и веднаш треба отворено да разговарате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар