Сигурно познавате човек кој има тетоважа од неговиот хороскопски знак. Можеби и вие сте размислувале за таква тетоважа, но веројатно сте забележале дека ваквите тетоважи изгледаат секогаш исто. Тие најчесто ги вклучуваат симболите на хороскопските знаци во црна боја или со некој цвет што извира од страна. Мора да признаете дека ваквите тетоважи делуваат по малку клише, а ако се лошо изработени личат на грешка што сте ја направиле под дејство на алкохол. Но, ова не мора да биде така! Погледнете ги следниве идеи за тетоважи со хороскопски знаци кои сигурно ќе ви се допаднат…rn
Овен
rn
rnrnГлавата од овен на левиот бут е интересна и необична. Контурите се едноставни, а и местото е одлично одбрано и ѝ дава дополнителен шмек на тетоважата.rn
Бик
rn
rnrnОваа тетоважа го претвора Бикот во жена воин со поглед што продира. Боите се светли, но нежни, бидејќи ниту еден Бик не би прифатил нападни бои. Оваа тетоважа претставува одлична комбинација од силата на Бикот и нежната убавина на владејачката планета со овој знак, Венера.rn
Близнаци
rn
rnrnБлизнаците се означени со пиктограф кој личи на римскиот број II. Мора да признаете дека тоа е малку здодевно. Но, овој тату артист се фокусирал на симболот на Близнаците и нивните двојни карактеристики за да направи прекрасно ремек-дело. Она што ја прави тетоважата интересна е цветот што ги поврзува близнаците и личи на трето око како потсетник за припадниците на овој знак дека треба да одржуваат баланс помеѓу нивните контрадикторни желби.rn
Рак
rn
rnrnОваа тетоважа го вклучува симболот на знакот Рак и претставува извонредна засенчена слика од краба со прекрасен дизајн на оклопот. Тетоважата сигурно ќе ви се допадне дури и да не сте припадници на овој знак!rnrnПродолжете на втората страница за останатите тетоважи…rnrn
