Повеќето родители обрнуваат големо внимание кога станува збор за воспитувањето на децата. Сметаат дека доброто воспитување и квалитетното образование ќе им помогнат во понатамошниот живот, што секако е вистина. Но, колку од родителите знаат дека за развојот на детскиот мозок голема улога има љубовта којашто тие ја добиваат од родителите?rnrn
rnrnИзминатите години биле спроведени низа истражувања кои укажуваат на значењето на љубовта врз развојот на детскиот мозок. Присуството или недостигот на љубовта игра огромна улога врз успешниот развој на децата. Всушност, колку повеќе љубов им покажувате на вашите деца, опсипувајќи ги секојдневно со искрени прегратки, бакнежи, нежни насмевки, безусловна позитивна мисла, вклучувајќи ги во семејните активности и преку негување на квалитетна комуникација со нив, толку подобро и побрзо се развиваат нивните мозоци.rnrnПокрај основните потреби, како храна, вода и топол дом, љубовта и соодветното внимание, не претставуваат само пат на децата до пронаоѓање на нивната среќа, туку имаат многу позначајна улога. Способноста на мозокот да се развива како одговор на љубовта којашто безусловно ја добива, може да се протолкува и како еден инстинкт за создавање блиски односи и заштита од штетните надворешни влијанија. Мозоците на луѓето се создадени за љубов. Но, не мора само да ја покажувате љубовта, туку со своите деца можете и да разговарате за неа, како и за слични теми. Истражувањата, исто така, покажуваат дека преку чести разговори со вашите деца за тоа како се чувствуваат и што размислуваат, ја зголемува нивната вербална способност, емоционалното разбирање и социјалната поврзаност.rnrn
rnrnРодителите треба да дадат сè од себе во секој момент да сфатат што се случува во детските главчиња. Тоа најлесно можете да го сторите преку:rn
- rn011
- Советување за важните работи во животот, притоа не ги осудувајте вашите деца доколку погрешиле во некој момент.
- Разговарајте со нив како се чувствуваат и за што размислуваат.
- Дозволете им слободно да ви постават прашање буквално за сите теми.
- Дајте им простор сами да сфатат некои работи. Оставете ги понекогаш да згрешат, така најдобро ќе научат за својата личност и за справувањето со светот што ги опкружува.
rn011
rn011
rn011
rn
rnНа овој начин ќе му помогнете на детето да се прифати себеси со сите недостатоци и квалитети и да развие високо ниво на самодоверба. Опсипувајте ги децата со љубов и внимание. Ако љубовта може да го развие мозокот, значи дека може да го смени и светот.