Маримар Кироа е 21-годишна девојка која е пример за тоа колку луѓето треба да се сакаат себеси и да се прифатат со сите свои недостатоци и квалитети. Таа е родена со цистичен хигром, вид тумор во нејзиниот врат и уста, поради што мора да дише преку дупка во нејзиното грло и да користи знаковен јазик за комуникација.rnrn
rnrnНо, оваа девојка не дозволува тоа да застане на нејзиниот пат и да ја спречи да го работи она што најмногу го сака – шминкањето. Пред две години таа почнала да објавува свои видеа на Јутјуб и својата љубов кон шминката ја споделува со целиот свет. Нејзината цел е да покаже дека секој човек е убав и посебен на свој начин и дека убавината треба да се бара во различностите.rnrn
rnrnКироа има голем број следбеници на социјалните мрежи, кои од неа учат како правилно да нанесуваат шминка, но најважно од сè, учат и како да ги отворат своите срца и на никого да не гледаат со предрасуди.rnrnrn
„За мене, убавината значи да се прифатите онакви какви што сте и да не обрнувате внимание на тоа што другите ви го велат“, вели оваа девојка.
rnКироа објаснува дека кај шминката особено ја инспирира можноста да си погрувате со различни изгледи, особено во делот околу очите. Оваа инспиративна девојка вели дека поголемиот дел од нејзините следбеници вистински ја поддржуваат и ја бодрат да продолжи со својата работа, но дека има и луѓе кои ја навредуваат заради нејзиниот изглед.rnrn
rnrnКироа се надева дека преку нејзините видеа ќе ги мотивира луѓето да се прифатат и да се засакаат себеси без оглед на недостатоците. Според неа, не е важно како изгледате, туку како го чувствувате вашето тело.rn
„Прифатете се себеси, прифатете си ја сликата за вас, тоа е најважното“, советува Кироа.
rnТаа посетува училиште за професионални шминкери и се надева дека еден ден ќе стане учител кој ќе подучува глуви деца.rnrn