Претворете ги старите тесни фармерки во ултра модерно парче облека

Сподели

Имате тесни фармерки кои толку ви досадиле што повеќе не сакате да ги носите? Ги следите модните трендови и знаете дека искинатите фармерки сè уште се популарни? Доколку одговорот на ова прашањето е потврден, тогаш задолжително погледнете го овој едноставен и брз начин на кој можете да ги освежите вашите тесни фармерки и да ги направите да изгледаат ултра модерно!

Реклама

rn

Чекор 1:

rnДопрете ги фармерките на себе и свиткајте ги на местото кај коленото.

rn

Чекор 2:

rnПроверете уште еднаш дали сте ги превиткале на вистинското место. Всушност, ногавицата би требало да допре до струкот кога е превиткана.

rn

Чекор 3:

rnКога ќе го пронајдете вистинското место за свиткување, поминете со раката неколку пати за да се познава блага линија по која подоцна ќе сечете.

rn

Чекор 4:

rnСтавете подебел картон под линијата која ја направивте, бидејќи тој ќе ви послужи да не ја исечете и задната страна на фармерките.

rn

Чекор 5:

rnСо помош на скалпел внимателно повлечете линија, но само на средината, за коленото подоцна при носењето самото да направи природен процеп.

rn

Чекор 6:

rnСтавете ја раката на едната и другата страна од исеченото и полека повлечете го материјалот за да проверете дали процепот навистина се отвора, односно дали сте исекле добро.

rn

Чекор 7:

rnСето ова што го направивте повторете го и на другата ногавица.

Ова е крајниот резултат, но доколку исечоците се премногу дискретни за вашиот вкус направете уште неколку на двете ногавици. Како што може да видите ова е брз и едноставен начин од старите фармерки да направите ефективно, модерно дневно парче облека!

Најново

Може ќе ве интересира