Луѓето почнуваат сѐ повеќе да зборуваат за менструалниот циклус и тоа не е повеќе табу тема. Ако знаете како треба да изгледа вашата менструална крв, ќе можете да се поштедите од многу опасни заболувања. На пример, светло розовата боја на менструацијата може да е знак на ниски нивоа на естроген и да укаже на можна појава на остеопороза подоцна во животот. Во продолжение дознајте што открива бојата на менструалната крв за вашето здравје…rn
1. Розевкаста боја
rn
rnrnРозевкастата боја на менструалната крв може да е знак на ниски нивоа на естроген. Доколку многу често џогирате, тоа исто така може да биде причината зошто менструалната крв има светла боја, бидејќи докажано е дека спортувањето, особено трчањето, може да предизвика снижување на нивоата на естроген. Треба да внимавате на ова, бидејќи некои истражувања нашле поврзаност помеѓу нискиот естроген и појавата на остеопороза подоцна во животот.rn
2. Водлеста менструална крв
rn
rnrnВодлестата менструална крв која нема речиси никаква боја или е светло розова, обично значи дека имате недостаток на хранливи материи или дека имате рак на јајчниците. Но, не се вознемирувајте премногу, бидејќи ракот на јајцеводите се појавува само кај 2% од жените.rn
3. Темно кафеава боја
rn
rnrnТемно кафеавата или темно црвената боја на менструалната крв може да значи дека старата крв се задржала премногу долго внатре во матката. Никој не знае зошто ова се случува, но се смета за нешто нормално.rn
4. Густа менструална крв која изгледа како џем со засирена крв
rn
rnrnМенструалната крв која е густа и содржи темно црвени парчиња засирена крв може да значи дека имате ниски нивоа на прогестерон, а високи нивоа на естроген. Но, во повеќето случаи, тоа не мора да значи ништо. Меѓутоа, ако парчињата се големи и многубројни, тоа може да е знак на хормонална неурамнотеженост. Исто така, причината за ова може да се фиброидите во матката, но тоа не е нешто што би требало да ве загрижи.rn
5. Комбинација од сиво-црвена боја
rn
rnrnСивата или сиво-црвенкастата комбинација може да има 2 значења: Доколку не сте бремени, тоа е знак на полово пренослива инфекција, но ако сте пропуштиле барем една менструација, тоа е знак на многу ран спонтан абортус.rn
6. Боја на брусница
rn
rnrnАко вашата менструација има боја на брусница, тогаш тоа е супер и вие сте потполно здрави. Но, она што се смета за нормално за една личност, може да го нема истото значење за друга личност. Најдобро е редовно да одите на лекарски прегледи.rn
7. Портокалова боја
rn
rnrnПортокаловата боја исто како и сиво-црвената може да значи дека имате инфекција. Меѓутоа, за да се смета за сексуално пренослива инфекција, менструацијата треба да е придружена и со непријатен мирис и силни болки.rnrnПрочитајте ги и овие 7 вистини кои првата менструација ги открива за вашето здравје во иднина.
