Ова не треба да ве демотивира и да престанете да пиете вода, но најновите истражувања покажуваат дека морате да бидете многу внимателни кога се работи за водата што ја пиете. Резултатите покажале дека бактериите во одново наполнетите пластични шишиња за вода се слични на оние кои ги содржат јавните тоалетни шолји!rnrn
rnrnЕкспертите за вежбање ги тестирале одново наполнетите шишиња за вода на група спортисти за да видат колку тие се навистина чисти и откритијата биле вознемирувачки и страшни. Во секое шише вода истражувачите нашле повеќе од 300.000 бактериски колонии на сантиметар квадратен. Таа бројка можеби не им значи ништо на луѓето кои не се разбираат во наука. Но, колку да споредиме, употребена кучешка играчка содржи просечно 3.000 бактериски колонии на сантиметар квадратен. Голема разлика, нели?rnrnТоа не значи дека треба да одбегнувате да пиете вода, туку дека треба да бидете внимателни за тоа од каде ја пиете водата и колку често ги миете шишињата. Сѐ што ќе допрете со усните станува заразено со бактерии. Тоа значи дека на површината до која не сте ја допирале устата премногу често, има помалку шанси да се развијат бактериски колонии. Најголем број штетни бактерии се забележани кај шишињата со капачиња и оние кои се затвораат со лизгање горе-долу.rnrnНајдобро решение е да користите цевка која секојдневно ќе ја менувате, но и тогаш ќе треба да го миете шишето редовно и темелно со доволно жешка вода и антибактериски сапун, или едноставно да го ставите во машината за миење садови. Факт е дека мора да пиеме вода и повеќекратната употреба на пластичните шишиња е најдобрата опција која не е штетна за околината. Доколку сте во можност, најсреќниот избор е да користите термос од нерѓосувачки челик, бидејќи кај него нема погодни услови за развој на бактерии.rnrnНе дозволувајте ова откритие да ве обесхрабри. Продолжете да пиете вода од веќе употребени шишиња за вода, но бидете внимателни. Исфрлете ја старата нечиста колекција на шишиња и започнете нова, особено ако во последно време не сте се чувствувале баш најдобро: Вашите шишиња за вода можеби се причината за тоа!
Престанете да пиете вода од стари пластични шишиња: Содржат исто толку бактерии колку тоалетна шолја!
