6 необични работи кои му се случуваат на вашето тело кога се бакнувате
Бакнувањето е одлично, што е малку чудно кога ќе размислите подобро. Ако почнете да анализирате како всушност се одвива тоа, целиот процес би можел да стане по малку одбивен и чуден. Кога некој би ве прашал како да бакне некого и зошто воопшто би сакал да го направи тоа, како би му објасниле? Веројатно објаснувањето би изгледало отприлика вака: „Па, кога некој физички ве привлекува, како последица од лачењето на феромони, ги доближувате усните и почнувате да си играте со јазиците со цел сексуално да се возбудите.“
Зар не звучи малку необично? Како и да е, бакнувањето прави да се чувствуваме одлично. Тоа е така, поради многуте работи кои се случуваат во нашите тела додека се бакнуваме. Во продолжение, прочитајте кои се тие…
1. Зголемена циркулација на крвта
Токму поради зголемената циркулација на крвта, вашето тело трепери додека се бакнувате. Добриот бакнеж прави крвта да врие, ги буди пеперутките во стомакот и предизвикува чувство на возбуда.
2. Чувство на адреналин
Во моментите исполнети со страст и возбуда, телото ослободува голема количина на адреналин. Тоа е причината зошто срцето почнува да чука побрзо, дланките се потат и се случуваат сите оние други работи за кои се пишува во љубовните романи.
3. Мозокот приредува забава
Кога бакнувате некого како да има нешто во мозокот што вели: „Пуштете го допаминот! Сега окситоцинот! Време е за незаборавно задоволство и интензивна поврзаност! Ајде да ве видам сите раце горе!“. Да, мозокот знае да биде малку драматичен.
4. Влегувате во зона на релаксација
Кога се бакнувате, тоа веднаш го намалува нивото на напнатост и стрес што го чувствувате. Ова се однесува само на бакнежите со луѓето кои навистина ве привлекуваат, не значи дека треба да се бакнувате со кого било секогаш кога ќе станете нервозни.
5. Плунка насекаде!
Кога се бакнувате, разменувате околу 9 милиметри плунка со вашиот партнер. Таа плунка содржи 1 билион бактерии. Но, не грижете се! 95% од тие бактерии се безопасни. Секси, нели?
6. Ги вежбате мускулите
При бакнувањето, се вклучуваат 24 од вашите мускули на лицето и 100 од другите ваши мускули. Едно добро, долгометражно бакнување може да согори и до 100 калории!
Што чекате? Бакнете го вашиот партнер!