Чепкалките за уши се наоѓаат во секоја бања, а може да се употребат на многу забавни и корисни начини, особено кога се шминкањето и дотерувањето во прашање. Во продолжение прочитајте што сè можете да правите со нив.rnrn
rnrn1. Со чепкалки за уши можете да ја поправите шминката на очите, односно да го отстраните вишокот ајлајнер, молив или сенка.rnrn
rnrn2. Можете да ги користите како замена за четкичката за кармин.rnrn
rnrn3. Тие се одлични за прецизно нанесување коректор на акните.rnrn
rnrn4. Со нивна помош, пред спиење, можете да нанесете рицинусово масло на коренот на трепките и веѓите за да го забрзате нивниот раст.rnrn
rnrn5. Доколку ги намачкате со сенка за очи која е во иста боја како вашата коса, со нив ќе можете да го маскирате подраснатиот корен.rnrn
rnrn6. Со чепкалки за уши можете да го отстраните вишокот крема за самопотемнување од прстите и на тој начин да ја избегнете појавата на грди флеки.rnrn
rnrn7. Ви се заглавил патентот? Натопете една чепкалка за уши со шампон, со неа намачкајте го патентот и проблемот е решен.rnrn
rnrn8. Со малку ацетон и една чепкалка за уши лесно ќе го поправите вашиот маникир.rnrn
rnrn9. Со чепкалка за уши можете да нанесете лепак за трепки на вашите вештачки трепки.rnrn
rnrn10. Убаво напрскајте неколку чепкалки за уши со вашиот омилен парфем и ставете ги во пластична кеса која ќе можете да ја чувате во фиоката од вашата работна маса или чанта. На овој начин ќе можете едноставно да нанесете парфем на вратот без да го носите целото шишенце.rnrn
10 начини да ги искористите чепкалките за уши во вашата секојдневна рутина
