ŠKODA втора година по ред прогласена за најсигурен автомобилски бренд во Велика Британија

ŠKODA втора година по ред прогласена за најсигурен автомобилски бренд во Велика Британија

Врвните перформанси на автомобилите на ŠKODA ги потврди компанијата за истражување на пазарот „Ј.Д. Пауер“ во својата студија за 2016 година, за која беа анкетирани 13.000 сопственици на нови возила од Велика Британија.

ŠKODA втора година по ред прогласена за најсигурен автомобилски бренд во Велика Британија

ŠKODA повторно е прогласена за најсигурен автомобилски бренд во Велика Британија. Овој врвен резултат втора година по ред го потврди компанијата за истражување на пазарот „Ј.Д. Пауер“ во својата студија за 2016 година. Дополнително, познатите модели на ŠKODA, Fabia и Yeti, добија највисоки признанија во своите класи.

Студијата на Ј.Д. Пауер за сигурноста на возилата (J.D. Power UK Vehicle Dependability Study – VDS) се спроведува веќе втора година. Таа се фокусираше на автомобили регистрирани меѓу 2013 и 2015 година, што значи на возила стари од 12 до 36 месеци. Ј.Д. Пауер собра одговори од над 13.000 први сопственици на автомобили низ Велика Британија, барајќи да ги образложат проблемите со кои се соочиле во изминатите 12 месеци. Студијата нотираше 177 проблеми поделени во осум категории, вклучувајќи ги: моторот и пренос, надворешност на возилото, возачко искуство, дисплеј и контролна табла, инфозабавен систем, седишта, климатизација и внатрешност на возилото.

Рангирањето на возилата во студијата е направено според бројот на востановени проблеми на 100 возила, при што помал број бодови значи поголем квалитет. Со само 66 поени, ŠKODA се пласираше на највисоката позиција, а второпласираниот автомобилски бренд заостана зад неа со 13 поени повеќе. Со овој резултат, чешкиот производител на автомобили го подобри својот минатогодишен резултат за 11 поени.

Дополнително, одличниот квалитет на возилата на ŠKODA го потврдија и сопствениците на поединечни типови автомобили од овој бренд. ŠKODA Fabia ја доби највисоката награда во класата на мал автомобил, додека ŠKODA Yeti доминираше во категоријата компактен SUV.

Велика Британија е втор најголем автомобилски пазар во Западна Европа и четврт најголем во светот, поради што има клучно значење за автомобилскиот производител ŠKODA.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар