Овој црвен плод е вистинска ризница и во себе содржи витамини А и Ц, калциум и ликопен, најмоќниот антиоксиданс кој го смалува ризикот од малигни заболувања. Сто грама домати содржат само 18 калории, па совршен е за диета. Оваа диета трае 5 дена, а можете да ја повторите после 2 дена пауза.rnrnЗа време на овие пет дена, нормално морате да заборавите на слатки, бел леб, млечни производи со висока масленост, а предност ќе треба да им дадете на рибата, пилешкото месо, овошјето, зеленчукот и на интегралните житарки.rnrn
rnrnСмеете да користите маслиново масло, а од зачините сол, бибер и ароматични билки. Секое утро потребно е да пиете чаша со млака вода на празен стомак, а задолжителни се најмалку четири оброка дневно.rnrnОва се правилата кои морате да ги следите при исхраната, а покрај тоа што ќе загубите неколку килограми, зависно од вашиот метаболизам, ќе го исчистите телото од токсини.rn
Предлог за појадок:
rn
- rn011
- Интегрално печиво, парче немасно сирење и еден домат
- 2 лепчиња на тост намачкани со маргарин и 2 парчиња шунка
- 200 грама јогурт со ниска масленост помешан со лажица мед и 2 лажици житарки
rn011
rn011
rn
rn
Прв ден
rnРучек: домати со сирењеrnrnИзмешајте 300 грама домати со 200 грама свежо сирење со ниска масленост. Одозгора полијте една лажица маслиново масло и зачинете со босилок. Со салатата каснете и 30 грама интегрален леб.rnrnУжина: 100 грама овошје по изборrnrnВечера: тестенини со сос од доматиrnrnДва моркови исечете ги на крукчиња и динстајте ги со малку маслиново масло. Потоа додадете 50 милилитри пилешка супа и динстајте уште пет минути. Во тавата додадете 450 грама исечкани домати, посолете и додадете половина лажичка мед. Оставете сосот да се крчка на тивок оган околу 15 минути. Сварете 100 грама тестенини и полијте ги со сосот.rn
Втор ден:
rnРучек: грчка салатаrnrnИсечкајте една главица црвен кромид, два домати и една поголема краставица. Прелијте ја салатата со маслиново масло и зачинете ја по вкус. Одозгора додадете неколку коцки сирење. Со салатата каснете 30 грама интегрален леб.rnrnУжина: шолја црно кафе и две бисквитиrnrnВечера: супа од осличrn
Две главици црвен кромид динстајте ги со малку маслиново масло и додадете два поголеми домати, кои претходно сте ги олупиле и исечкале на резанки, коцка за супа од зеленчук и половина литар вода. Кога супата ќе се свари, додадете сечкани парчиња од филети ослич и варете уште 20 минути. Зачинете по вкус.
rn

rnrn
Трет ден
rnРучек: омлетrnrnИсечкајте 100 грама шампињони и 300 грама домати и динстајте ги со малку маслиново масло. Кога водата ќе испари, додајте две јајца и убаво измешајте.rnrnУжина: 2 морковиrnrnВечера: телешко со доматиrnrnИспечете едно парче телешко месо, од 125-150 грамови. Во друга тава динстајте една исечкана главица црвен кромид и два домати, потоа додадете го и месото и оставете ги заедно на оган уште 15 минути.rn
Четврт ден
rnРучек: ладна салатаrnrnВо блендер ставете 300 грама исечкани домати, една пиперка, краставица, една лажица маслиново масло, две чешниња лук и две парчиња тост искршен на парчиња. Ставете сол и бибер, изладете го и потоа уживајте.rnrnУжина: сендвич со доматиrnrnВечера: полнети доматиrnrnИздлабете три домати и ставете ги во еден сад. Помешајте 100 грама свежо сирење, 125 грама недоварен ориз, малку босилок, исечкан домат и кромид, па со смесата наполнете ги доматите. Печете ги 20 минути на 200 степени Целзиусови.rnrn
rn
Петти ден
rnРучек: италијанска салатаrnrnЕдно парче тост и 400 грама домати исечете ги на парчиња и измешајте ги. Додадете малку марула, полијте ја салатата со две лажици маслиново масло и оцет и зачинете по вкус.rnrnУжина: овошна салата со мед и ментаrnrnЗемете едно киви и едно јаболко и исечкајте ги на коцки. Во нив додадете една лажица мед и зачинете ја овошната салата со еден лист од мента.rnrnВечера: паприкашrnrnЕдна главица црвен кромид исечкајте ја ситно и динстајте ја заедно со 200 грама компир, исечкан на коцкички, четири моркови исечкани на крукчиња, 100 грама печурки и малку праз. Зачинете, а потоа додадете 100 милилитри супа од зеленчук и 250 милилитри сок од домати. Оставете го на оган уште 15 минути.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
