Запознајте ги Ана Мариа и Амброзио Лопез кои се заедно цели 60 години.rnrn
rnrnТие денес имаат големо и пријателски расположено семејство, но некогаш морале да се борат за нивната љубов.rnrn
rnrnАна Мариа и Амброзио се запознале во Рио де Жaнеиро во средината на 1950-тите години и веднаш се вљубиле. Но, семејството на Ана се противело на таа врска, бидејќи двајцата љубовници имале различна боја на кожата и потекнувале од различни општествени слоеви.rnrn
rnrn
rnrnНо, вљубената девојка и покрај противењето на нејзините родители, го спакувала куферот и заминала со својот сакан. Амброзио тогаш ѝ ветил дека засекогаш ќе бидат заедно.rnrn
rnrnВо текот на 60-те години, тие одгледале две ќерки и пет внуци. Денес, сè уште се сакаат, исто како и првите денови од нивната љубов.rnrn
Ана и Амброзио: Прекрасен пар кој докажува дека љубовта е посилна од предрасудите
