Во ред е што не можете да си го замислите животот без месо, но кога станува збор за влијанието климатските промени, вреди да зборуваме во насока на намалување на нашата потрошувачка. Како да го постигнеме тоа без драстични промени во исхраната?rnrn
rnrnСè повеќе сме свесни за разорните ефекти на прехранбената индустрија врз планетата, првенствено поради производството на месо, а многумина токму поради оваа причина се префрлаат на вегетаријански или вегански начин на исхрана. Во ред е ако не може да се замислите себеси како вегетаријанец. Сепак, потребно е да знаете дека дури и само да ја намалите потрошувачката на месо и млечни производи ќе придонесете во борбата против климатските промени. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за исхрана со помалку месо и млеко.rn
1. Направете го вашето омилено јадење во вегетаријанска/веганска верзија
rnОбожавате пица? Следниот пат наместо кулен или шунка, ставете маслинки, пиперки, кромид и сусам врз тестото. Не можете да им одолеете на болоњезе шпагетите? Наместо месо, ставете печурки. Дури и кари сосот може да биде вкусен без пилешко – заменете го со пченка и грашок.rn
2. Купете готвач со вегетаријански/вегански рецепти
rnНајверојатно за кратко време ќе го заборавите рецептот за деликатесот на Џејми Оливер со шитаке печурки кој само што го гледавте на 24Kitchen, но доколку имате готвач со вегетаријански рецепти, нема за што да се грижите.rn
3. Еден ден од неделата нека ви биде резервиран за вегетаријански/вегански рецепти
rnЕден од најдобрите начини да започнете нова исхрана со помалку месо е да посветите барем еден ден од неделата на вегетаријанска/веганска исхрана. Дури и ако го игнорирате позитивниот ефект на овој потфат врз животната средина, набрзо ќе увидите дека тој ќе биде корисен за вашето здравје. Поздравите оброци водат кон намален ризик од рак и срцеви заболувања.rn
4. Бидете вегетаријанец/веган пред или после 18:00 часот
rnЕве ви уште еден предизвик! Појадокот е најверојатно најлесниот оброк за подготовка без месо, доволни ви се неколку парчиња леб, салата, овесни снегулки, јајца со пиперки (ако не сте веган), тост од авокадо, палачинки со овошје… Се верува дека ако го започнете денот како вегетаријанец или веган, полесно ќе ви биде да продолжите да јадете на истиот начин. За крај, за сите оние кои се љубители на месо следува вечера која може да содржи сè од кулен до шунка. Се разбира, од вас зависи како ќе го ротирате распоредот за оброци.rn
5. Побарајте совети од некој кој е веќе вегетаријанец/веган
rnДоколку некој од вашите пријатели е вегетаријанец ќе ви посочи за тоа колку исхраната може да биде разновидна и јадењата да бидат вкусни дури и ако не содржат ниту еден грам месо. Покрај тоа, тие ќе ви ги споделат нивните омилени рецепти, а тоа може да ви заштеди време и енергија следниот пат кога нема да знаете што да зготвите.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за намалување на потрошувачката на месо, можеби ќе сакате да прочитате и 10-те причини зошто да јадете помалку месо дури и да не сакате да бидете вегани.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs