КАФЕ ПАУЗА

Филм: Легендата за Тарзан (The Legend of Tarzan)

Written by

in

,
Тарзан, откако конечно се навикнал на неговиот живот во Англија, мора да се врати назад во џунглата за да помогне

rn(1) Филм: Легендата за Тарзан (The Legend of Tarzan)Режија: Дејвид ЈеитсrnrnУлоги: Александар Скашгорд, Маргот Роби, Семјуел Л. Џексон, Кристоф ВолтсrnrnВреметраење: 110 минутиrnrnПремиера: 1 јули 2016rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnТарзан е еден од најпознатите карактери во модерната историја на медиумите, чија приказна се појавува во повеќе од 30 книги, 50 филмови и други видови забава за долгогодишните фанови. Неговото име е создадено од страна на писателот Едгар Рајс Буроус, пред цел век, но и до денешен ден неговиот живот е сè уште фасцинантен за луѓето ширум светот, факт што објаснува зошто постојат толку многу верзии на овој фиктивен лик.rnrn(2) Филм: Легендата за Тарзан (The Legend of Tarzan)rnrnНо, кој не би бил заинтересиран да дознае нешто повеќе за човекот одгледан од мајмуни, припитомен од љубовта и цивилизиран од модерното општество? Новата адаптација на оваа приказна, во режија на Дејвид Јеитс, го вклучува нашиот херој (Александар Скашгорд) кој живее во Викторијанска Англија, скоро една декада со неговата сопруга, Џејн (Маргот Роби). Но, по сплет на околности, тој е повторно натеран да се врати назад во џунглата, со цел да помогне.rnrn(3) Филм: Легендата за Тарзан (The Legend of Tarzan)rnrnКако Вилијамс, Семјуел Л. Џексон го внесува скоро целиот хумор во филмот, иако ова малку го разводнува неговиот фасцинантен карактер. Од друга страна пак, го имаме и Кристоф Волтс, како главниот негативец, кој пак беспрекорно ја одигрува својата улога. Кога станува збор за негативци, Кристоф е можеби еден од најдобрите избори, без разлика на жанрот. Мора да ја издвоиме и неверојатна хемија помеѓу Александар и Маргот, како Тарзан и Џејн.rnrn(4) Филм: Легендата за Тарзан (The Legend of Tarzan)rnrnПа, дали вреди да издвоите 110 минути од вашиот живот за овој филм? Секако. Особено ако сте љубители на легендата за Тарзан. Но, внимавајте да не одите со преголеми очекувања, бидејќи во тој случај би можеле да излезете разочарани од кино салите. Едноставно уживајте во специјалните ефекти, прекрасните пејзажи и одличниот избор на актери и без сомнение ќе бидете задоволни од најновата, помодерна верзија на овој добро познат лик.rnrn(5) Филм: Легендата за Тарзан (The Legend of Tarzan)