Полиците се едни од најинтересните детали во секоја просторија. Тие не мора да бидат големи, но сепак ја красат просторијата и ѝ даваат посебна топлина. Сигурно во магазините ги имате забележано оние мали полици кои изгледаат комплицирано и мислите дека ги нема никаде на продажба. Токму поради таа причина, за вас подготвивме неколку различни, интересни полици кои можете да ги направите сами.rn
1. Полица во необичен облик
rnПрвата полица можете да ја направите од најобични, необработени дрвени летви со различна должина, кои ќе ги наредите во кој било облик.rnrn
rn
2. Полица од фиока
rnЗа оваа полица можете да искористите некоја стара фиока, кутија, гајба од вински шишиња, мало буре и слично. Бојадисајте ја фиоката во омилената боја, прицврстете ја на ѕидот и тоа е тоа.rnrn
rn
3. Полица во форма на триаголник
rnЕдноставно, спојте три летви во форма на триаголник и прицврстете ги со шајки. Доколку сакате, можете да заковате уште една летва на средина, но не е задолжително. Уште подобро ќе изгледа ако на ѕидот закачите уште еден триаголник, веднаш под првиот, исто како на фотографијата.rnrn
rn
4. Висечки триаголник
rnОваа полица е слична како претходната, само што е неопходно на страните да направите уште две дупки и да провлечете јаже. Оваа полица е одлична доколку веќе имате некој предмет или закачалка, па нема да морате повторно да правите дупки во ѕидот.rnrn
rn
5. Полица во вид на дрвен мост
rnОваа полица има многу интересен ефект. За да ја направите, потребно е да издупчите по две дупчиња на секоја од летвите, а потоа да провлечете јаже низ секоја од нив. На крај, прицврстете ги на некој метален дел, а потоа на ѕидот.rnrn
rn
6. Полица во вид на гранка од дрво
rnПодредете ги летвите формирајќи гранка од дрво. Не е неопходни сите да бидат од едно парче.rnrn
rn
7. Полица во вид на пирамиди
rnОд картон со трапезоиден облик направите пирамиди и спојте ги на подлога од картон. Оваа полица е одлична за на ѕидот над работното биро.rnrn
rn
8. Полица во вид на вага
rnНаправете мала конструкција со помош на тенко јаже и 3 метални држачи. Провлечете го конецот низ летвите и вашата полица е готова.rnrn