КАФЕ ПАУЗА

Што да се прави во петок вечер?!? Ноќен шопинг во Скопје сити мол е секогаш добра идеја!

Дојде времето од годината кога цените се спуштаат, што е, сликовито кажано, вистински празник за сите „шопингхоличари“. Токму затоа Скопје сити мол традиционално им овозможува на своите потрошувачи групен ноќен шопинг со попусти и подароци, кои го прават ова место најголем агрегат на среќни и насмеани лица.rnrnШто да се прави во петок вечер?!? Ноќен шопинг во Скопје сити мол е секогаш добра идеја!rnrnВо Скопје сити мол потрошувачите ги очекуваат над 150 продавници, 6 ресторани и кафе-барови, 690 м2 простор за забава за најмалите, како и многу атрактивни понуди за целото семејство, кои гарантираат врвно искуство во пазарувањето.rnrnШетајќи покрај 1,2 километри долгите излози, потрошувачите ќе уживаат во најдобрите летни понуди на некои од најдобрите локални и интернационални брендови.rnrnСите продавници в петок, на 1 јули ќе бидат отворени до 24 часот и ќе понудат попусти, подароци и бесплатни коктели за лојалните потрошувачи, кои ќе уживаат во пазарувањето со различни музички стилови изведени од нашите гаражни бендови и диџеи. Потрошувачите ќе можат во живо да ја следат продажбата и забавата и да се информираат за најдобрите зделки и парчиња облека директно од кабините за пробување.rnrnОсвен ова, викендот што следува, на 2 и 3 јули (сабота и недела), сите ќе можат да уживаат во истите попусти до 70%, во авантура низ омилените продавници и угостителски објекти, во стандардното работно време на Скопје сити мол.rnrnДополнително, на 1 јули за потрошувачите е организирана забавна игра Аукција со наддавање! Доволно е со фискалната сметка да се пријават на приземјето и да се борат за Samsung Galaxy 6, Samsung Galaxy ТАВ II, фрижидер, ТВ или машина за перење алишта, чија почетна цена е само 1 денар.rnrnЗа повеќе информации за ноќниот шопинг, попустите и механизмот за учество во Аукцијата, посетете го овој линк.rnrnНема да негодуваме доколку оваа информација ја споделите и со вашите пријатели 🙂