Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!

Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа… На тркала!

Колкумина од нас сонуваат да живеат во палата од бајките, или, пак, да патуваат низ светот? Едно семејство од Нов Зеланд, Џастин, Џола и нивниот син Пико, нашле начин да ги прават и двете работи со тоа што стариот камион го претвориле во подвижен замок.

Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!

Џастин и Џола многу патувале и отсекогаш сакале да се чувствуваат како дома каде и да одат. Токму поради тоа тие одново го изградиле стариот камион со сопствени раце.

Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!

Нивниот замок-камион е снабден со сѐ што е потребно. Воглавно функционира на соларни батерии. Тие користат специјални корита кои се наоѓаат во посебни садови прицврстени за камионот за да ја собираат водата од дождот. Камионот го загреваат со помош на соларни батерии.

Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!

Кога семејството е во движење, целиот нивен дом може да се собере: Покривот се вовлекува навнатре и кулите се собираат од страните на камионот. И тие се подготвени да тргнат!

Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!

Кога седат на едно место, камионот се проширува доволно за да им обезбеди простор за удобно живеење внатре.

Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!

Неверојатната спална се подигнува на врвот од камионот, токму над возачкото и совозачкото седиште.

Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!

Како што патуваат низ Нов Зеланд, оваа двојка постојано го надградува замокот на тркала со цел да го направи вистински прекрасен дом кој ќе трае вечно.

(7) Оваа двојка го изградила замокот од нивните соништа...на тркала!

Нивната креативност навистина не познава граници и можеби ќе ве инспирира да ја разбудите вашата фантазија и да почнете да живеете живот како од бајките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар