Нашите мајки и баба честопати ни даваат совети за тоа како би требало да се свртиме кон природните состојки, кога е негата во прашање. Тие имаат прво, а токму поради тоа со вас споделуваме 6 сјајни начини како по природен пат да дојдете до сјаен изглед.
rn
1. Нега на лице
rnТреба барем еднаш неделно да се прави пилинг на лицето за да ја исчистите кожата и да ги отстраните мртвите клетки. Кафеав шеќер во комбинација со лимонов сок ќе даде феноменални резултати.rn
2. Нега на телото
rnКокосовото масло е толку распространето и популарно, што веруваме дека веќе го имате дома. Сепак, доколку го немате, имајте на ум дека пропуштате феноменален начин за да ја хидрирате и нахраните кожата, како и косата. Исто така, со него може да ја отстранувате вашата шминка. Кожата која ја допрело сонцето, дефинитивно бара нега од овој тип, бидејќи не само што ја прави убава и мазна, туку и ги смирува иритациите и ја регенерира.rn
3. Нега на стапалата
rnКога се стапалата во прашање, немојте да заборавите дека, доколку ова лето одите на плажа, нема подобар природен пилинг од песокот. Искористете го тоа и оставете ги турпиите за пети дома.
rn
4. Нега на ноктите
rnДоколку секојдневно ставате маслиново масло на ноктите и заноктиците, скоро инстантно ќе забележите подобрување. Потребна ви е мала количина, а благодатите се огромни!rn
5. Нега на косата
rnПостојат безбројни природни начини за нега на косата, а ова лето, освен кокосовото масло, како пакување можете да го искористите и медот. Всушност, доколку ставите малку во домашен или купен шампон, косата ќе ви биде многу помека, а скалпот поздрав и помалку склон на првут.
Исто така, ако сте обожавател на мајонезот, купен или уште подобро домашно направен, знајте дека и вашата коса ќе го обожава. Маслото ќе ја омекне косата, додека протеините од јајцето ќе ѝ ја дадат неопходната јачина. Маската со мајонез дава посебен сјај на косата. Држете ја околу 15 минути, а потоа исплакнете.

