КАФЕ ПАУЗА

Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?

Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?

Written by

in

Животот понекогаш наликува на лотарија, а една од првите добивки може да биде местото во кое ќе се родите, сугерира најновото истражување спроведено од страна на лондонското списание „The Economist“.Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?Според истражувањето кое опфатило 80 земји од светот, најдобро место за да се родите во 2013 е Швајцарија, а најлошо е Нигерија.rnrnТимот од „The Economist“ при спроведувањето на оваа студија ги поврзал субјективните фактори на луѓето како што е чувствувањето задоволство од сопствениот живот, со објективните фактори за квалитетен живот, во кои спаѓаат не само степенот на богатство, туку и степенот на криминал, доверба во јавните институции и можноста за водење здрав семеен живот. Географската положба, климата, демографијата, политиката и состојбата во стопанството, се исто така важни фактори кои се земени предвид. Вклучена е и перспективата за иднината, за којашто се користени економските предвидувања до 2030 година, кога децата родени во 2013, ќе станат полнолетни.rnrnСпоред магазинот, после Швајцарија, најдобро е да се родите во Австралија, потоа во скандинавските земји како Норвешка, Шведска и Данска, а потоа следуваат Сингапур, Нов Зеланд, Холандија и Канада. На 10-то место се наоѓа Хонг Конг.Во која земја е најдобро да се родите во 2013 година?Најразвиени западни земји се САД и Германија кои се наоѓаат на 16-то место, Италија, Франција и Велика Британија кои ги заземаат местата помеѓу 21-во и 27-мо место, а Шпанија и Грција се тек на 28-мо и 34-то место, и покрај тоа што располагаат со убава клима.rnrnНа средината од листата се наоѓаат Куба и Аргентина, кои го заземаат 40-тото место.rnrnОд бившите југословенски држави, најдобро е да се родите во Словенија (32-ро место), а потоа следува Хрватска, која се наоѓа на 46-то место. Потоа следува Србија на 54-то место, додека БиХ, Македонија и Црна Гора ги нема на листата.rnrnОд членките на ЕУ, најлошо е да се родите во Бугарија, која се наоѓа на 61-во место, Романиjа на 56-то место и Литванија на 57-мо место, оценува тимот на „The Economist“.rnrnИнтересен е податокот, дека ниедна од земјите членки на БРИК (Бразил, Русија, Индија, Кина) не котираат високо на листата, и покрај високиот економски раст. Кина е на 49-то место, а Русија тек на 72-ро место, на само едно место пред Сирија.rnrnНајлошо место во кое бебе може да се роди во 2013-та година, е Нигерија, а на оваа земја ѝ претходат Кенија, Украина и Бангладеш.rnrnПогледнете ја целата листа со 80 земји.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.