КАФЕ ПАУЗА

Храмот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологија

Храмот Каиласа не е изграден како и преостанатите градби кои датираат од тој период. Наместо со додавање блокови, тој е единствениот пример во светот каде планината е целосно исклепана од самиот врв за да се добие неговата карактеристична форма. Во сите други случаи, каменот е сечен однапред и потоа обработуван. Тука е користена техниката „резбање од монолитот“ наместо „резбање на монолитот“, односно техниката која ја користел остатокот од светот.rnrnХрамот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологијаrnrnЗошто оваа техника е толку специфична? За почеток, за да се направат столбови повисоки од 30 метри и прецизно да се обработи каменот, потребни се многу години работа. Но, столбовите во храмот Каиласа се изработени така што делови од планината се одвоени од нив. Можете ли да замислите колку камења требало да се отстранат за да се направи еден таков столб?rnrnТокму таа количина отстранети камења ги збунува историчарите и археолозите. Археолозите тврдат дека се отстранети повеќе од 400.000 тони камења, за што не би биле потребни години, туку векови работа. Историчарите, пак, немаат најдено ниту еден запис за тој голем потфат и сметаат дека храмот е изграден за помалку од 18 години.rnrnХрамот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологијаrnrnДа претпоставиме дека тогашните луѓе работеле 18 години по 12 часа дневно, без престан, без пауза. Ќе ги игнорираме дождливите денови, фестивалите, војните и ќе замислиме дека луѓето работеле како роботи. Доколку 400.000 тони камења се отстранети за 18 години, тоа значи дека годишно се отстранувани по 22.222 тони, што значи дека се отстранувале 60 тони дневно или 5 тони секој час.rnrnМожеме слободно да кажеме дека вакво нешто не е возможно ниту со најсовремената технологија која ја поседуваме денес. Тогаш, ако луѓето не можеле да го изградат овој храм за толку кратко време, кој го сторил тоа?rnrnХрамот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологијаrnrnОна што е интересно се и приказните за уништувањето на храмот. Муслиманскиот крал Аурангзеб ангажирал илјадници работници за во целост да го уништат овој храм. Во 1682-та година тој наредил храмот да се срамни со земјата. Според записите, илјадници работници цели три години се обидувале да го уништат, но не направиле никаква поголема штета. Успеале да искршат по некоја статуа, но храмот не можеле да го уништат во целост. Аурангзеб набрзо се откажал од оваа невозможна задача.rnrnВажно е да се спомне дека сличен случај е и Микериновата пирамида во Египет. Друг муслимански владетел сакал да ги уништи сите пирамиди, па започнал со неа. По години обидување, тој успеал само да направи помали гребнатини на пирамидата и на крајот се откажал. Кој ги изградил овие неуништливи градби низ светот?rnХрамот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологијаrnrnВсушност, археолозите се согласуваат дека храмот Каиласа е создаден пред сите останати храмови во комплексот Елора, а подоцнежните цивилизации се огледувале на него и така ги граделе преостанатите градби. Да не е така, луѓето со текот на времето би ги усовршиле своите градежни методи и новите храмови би биле подобри и поубави.rnrnЗа разлика од останатите храмови, само Каиласа се гледа од воздухот. Од вкупно 34 храмови, Каиласа посебно се истакнува и можете да прелетате над него. Дали е тоа случајност или тој е навистина дизајниран да може да се види од воздухот, како што се линиите Наска во Перу? Кога ќе го погледнете храмот на „Google Earth“, ќе забележите дека има јасен облик на X. Дали е ова можеби знак оставен за другите цивилизации, за да можат да ги воочат градбите од воздухот?rnrnХрамот Каиласа во Индија: Неуништлива планинска градба направена со непозната технологија