Тим од агенти во Кресент Сити истражува убиства поврзани со морнарицата
rn
Главни улоги: Скот Бекјула, Лукас Блек, Зои МеклиланrnrnЖанр: криминал, драмаrnrnКреатор: Гери ГласбергrnrnПремиера: 23 септември 2014rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 42 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnАко сте љубител на ТВ сериите „NCIS“ и „NCIS Los Angeles“, тогаш со сигурност ќе ви се допадне и оваа верзија која е базирана во Кресент Сити. Исто како и во другите две ТВ серии, така и во оваа тимот се состои од ликови кои едноставно не можете да не ги засакате. Изборот на актерите е одличен, а приказната го следи добро познатиот ритам на Нејви.rnrn
rnrnКлучот за успехот на овие ТВ серии се крие во фактот што тимовите се многу повеќе од само соработници – тие се една голема фамилија. Тоа веднаш ќе го забележите и во оваа ТВ серија и токму затоа веруваме дека и таа ќе биде исто толку успешна како и претходните две. Двејн Прајд (Скот Бекјула) води нов тим на агенти и начинот на кој тој се однесува со своите луѓе ќе ве потсети на добро познатите Гибс (Марк Хармон) и Хети (Линда Хант). Но, за работите да бидат малку поинтересни, тој користи малку постари методи на истражување.rnrn
rnrnВо првата епизода може да се забележи дека на некој начин Двејн живее во својата канцеларија и можеби затоа им служи појадок на своите соработници, па дури и ги забавува. Тие веднаш добиваат нов член на тимот, агентката Броуди (Зои Меклилан), која брзо ќе почне да сфаќа дека станува дел од блиска фамилија и со цел да биде подобро прифатена ги учи нивните добри и лоши страни. Но, тоа не е единствената промена со која таа се соочува. Животот во Њу Орлеанс е многу поразличен од она на што таа е навикната, па како што таа ќе се прилагодува, така и вие покрај неа ќе се прилагодувате на овој град.rnrn
rnrnПретходно веќе имавме можност да видиме дел од тимот на „Нејви: Њу Орлеанс“ во 2 епизоди од 11-тата сезона на „Нејви“. Приказната за нив која ни е претставена таму е доволна за да почнете да ја гледате и оваа ТВ серија. Ако сте расположени за нов начин на истражување убиства поврзани со морнарицата, тогаш дефинитивно треба да ѝ дадете шанса и на оваа ТВ серија.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
