5-те клучни животни вештини кои секој интроверт треба да ги совлада

5-те клучни животни вештини кои секој интроверт треба да ги совлада

Кога сте интровертни, поминувате половина од својот живот грижејќи се за социјалните ситуации, обидувајќи се да ги избегнете или да ги преживеете. Затоа, треба да се вооружите со овој сет вештини кој ќе ви го олесни животното патување исто како да сте во некоја видео игра. Во продолжение, 5-те клучни вештини кои секој интроверт треба да ги знае.

5-те клучни животни вештини кои секој интроверт треба да ги совлада

1. Како да пристигнете на забавите и да не се чувствувате непријатно?

Понекогаш дури и едноставниот чин од одењето на забава може да биде стресен за интровертите, па затоа подготовката е најважна. Најлесниот начин да ја преживеете забавата е индивидуален за секој интроверт. За некој, можеби тоа е да го понесе својот најдобар пријател со себе. За некој, можеби тоа е да го понесе најекстровертниот пријател со себе. Можеби тоа е реченица која ја изговарате на сите што ќе ги сретнете во првите 10 минути. Направете план и држете се до него.

2. Како да си заминете од забавите без да изгледате некултурно?

Ова зависи од големината на забавата. Ако станува збор за поинтимно собирање со поблиски пријатели, обидете се да одвоите време да се заблагодарите на организаторот пред да си заминете. Ако е голема забава, тогаш имате дозвола да исчезнете без да кажете ниту еден збор. Во оној момент кога сте дома, испратете порака во која ќе им се заблагодарите на пријателите за одлично поминатото време.

3. Како вашиот глас да биде слушнат на состаноците и професионалните средби?

Суровиот факт на сите модерни бизниси: Доколку не го искажете својот став, никој нема да ја дознае вашата брилијантост. И додека на некои луѓе тоа им оди од рака, за интровертите и не е толку пријатно да се истакнат пред другите. Затоа, треба да се подготвите посовреме. Разгледајте ги темите на агендата, организирајте ги своите мисли и издвојте ги клучните делови од работите кои сакате да ги кажете.

4. Како да го проширите кругот на професионални контакти без да паничите?

Ретко кои луѓе во светот ги сакаат професионалните средби каде треба да запознаваат многу други личности, но за интровертите, тоа може да биде исцрпувачко. На која било ваква пригода, одлучете неколку часа порано со колку луѓе ќе разговарате, како на пример 4, приближете им се, зборувајте околу 5 минути и оставете простор за надоврзување на разговорот.

5. Како да го контролирате разговорот?

Контролирањето на разговорот не е нешто што интровертите го прават или посакуваат да го прават, но тука не се работи за зборувањето, туку работите за кои зборувате. Повеќето луѓе сакаат да разговараат за себе и своите интереси, па обидете се да се фокусирате на разговорите за другите. Ако ги поставите вистинските прашања, тогаш вашите соговорници ќе продолжат да разговараат, а вие ќе можете само да слушате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар